Спомен-галерија „Вангел Коџоман“
ликовна галерија во Струга посветена на уметникот Вангел Коџоман
Спомен-галерија „Вангел Коџоман“ — стара куќа во градот Струга, прогласена за културно наследство на Македонија.[1] Во неа е сместен ликовен музеј.
Спомен-галерија „Вангел Коџоман“ | |
---|---|
Поглед на градбата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа, ликовен музеј |
Стил | староградски |
Град | Струга |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Местоположба
уредиКуќата е сместена во Струшката чаршија, на левиот брег на реката Црн Дрим. Се наоѓа улица „Браќа Миладиновци“ бр 18. Спроти неа е Спомен-домот на Браќа Миладиновци.
Историја
уредиГрадбата датира од XIX век.[2] Во 1980 г. е претворена во галерија, дел од Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“, како изложбен простор за делата на истакнатиот струшки уметник Вангел Коџоман (1904 - 1994).[3]
Објектот е прогласен за споменик на културата на 7 декември 1954 г. и повторно на 19 јули 2016 г.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029) (PDF). Скопје-Охрид-Струга-Дебрца. 2020. стр. 295.
- ↑ „ГАЛЕРИЈА ВАНГЕЛ КОЃОМАН“. Национална установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга. Посетено на 2 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Спомен-галерија „Вангел Коџоман“ на Ризницата ?