Куќа на Крапчевци

куќа и споменик на културата во Охрид
(Пренасочено од Куќа на Каневчеви (Охрид))

Куќата на семејството Каневчеви (Крапчевци)староградска куќа во Охрид, заведена како Културно наследство на Македонија под името Куќа на ул. „Маршал Толбухин“ бр. 2.[1] Куќата се наоѓа веднаш на југ од црквата Св. Софија.

Куќа на Крапчевци
Куќата на Крапчевци во 2021 година
Карта
Општи податоци
ВидКуќа
СтилСтароградска архитектура
МестоОхрид, Македонија
Адресаул. „Илинденска“ бр. 32
ул. „Маршал Толбухин“ бр. 2 (стара адреса)
Завршенавтора половина на XIX век


Историја

уреди

Куќата била изградена во втората половина на XIX век. Овде мајсторите-градители постигнале вистинска хармонија во градбата со неправилна основа што има приземје и два ката од кои секој нареден е поширок од претходниот. Нивната виртуозност особено доаѓа до израз на западната, челна фасада на куќата, при обработката на тимпанот како силна завршница на градбата каде што се чувствуваат извесни барокни влијанија.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 30 август 2022.

Надворешни врски

уреди