Куќа на Кадри Шех
Куќа на Кадри Шех — стара куќа во градот Охрид.[1] Како дел од комплексот на теќето „Зејнел Абедин-паша“ прогласена за културно наследство на Македонија.[2][3]
Куќа на Кадри Шех | |
---|---|
Плоштадот со куќата. Лево е теќето „Зејнел Абедин-паша“ со минарето | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | османлиски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Почната | 1897 |
Завршена | 1900 |
Обновена | крај на XX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Куќата на Кадри Шех е сместена на средишно место на Чаршијата на улица „Гоце Делчев“ бр. 8 и доминира на плоштадот со Стариот чинар. Изградена е од шехот Зекерија (старешина на теќето) во 1897 - 1900 година, кој воедно го проширил и Хајати баба-теќето. На крајот од XX век е одново изградена, делумно зачувувајќи го оригиналот и украсните елементи на јужната и источната фасада. Главно место на средишната јужна фасада зазема чардакот, кој завршува со заоблен тимпанон. Има пиластри со украсни палмети. Внатре се зачувани оригиналните резбани тавани, врати, ламби, стари сребрени кујнски предмети, библиотеката со стари книги на персиски, османски турски јазик, печати и сереџе.[2]
На 8 јули 1996 г. куќата е прогласена за споменик на културата.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 42. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-04. - ↑ 2,0 2,1 „Споменичка целина Зејнел Абедин Паша“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-16. Посетено на 16 септември 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 77.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 154.