Куќа на Дуцкиновци (Вевчани)
Куќа на Дуцкиновци — староградска куќа во струшкото село Вевчани прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]
Куќа на Дуцкиновци | |
---|---|
Куќата во 2023 година | |
Општи податоци | |
Статус | Споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Вевчани, Струшко |
Земја | Македонија |
Завршена | 1923 или 1929 |
Технички податоци | |
Катови | 3[1] |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Митре Дуцкиноски |
Историја
уредиПроектант на куќата е вевчанецот Митре Дуцкиноски, кој бил мајстор-градител и ја изградил заедно со својата тајфа. Изградена е во 1923 или 1929 година врз темелите на постара срушена куќа.[3]
Архитектура
уредиКуќата се смета за своевиден дворец.[1] Каменот за изградбата на првиот кат е донесен од Горна Белица и е обработуван на лице место. Има приземје на кое се наоѓале дуќаните (бакалница и месарница), а на горните катови биле дневната, гостинските и спалните соби. На најгорниот кат е чардакот, кој летно време бил користен за дневен престој. Куќата е поделена на три дела со средиштен чардак,[1] еркерно изведен на дрвени греди со украс својствен на подрачјето и дрвена ограда. Приземјето е камено со тулни украси околу дрвените прозорци кои се затовраат со дрвени капаци одвнатре и метални решетки однадвор. Влезните врати на дуќаните се дрвени, со полукружно тулно украсување во средновековноримски стил.[1] Горните катови се направени од полни тули со дрвени прозорци, исто така со тулно украсување, и тука се просториите за живеење. Меѓукатната конструкција е направена со греди од костеново дрво. Од истиот материјал е и покривната конструкција, при што самиот покрив е на две води. Од костен е и скалиштето кое ги поврзува катовите, како и сите внатрешни врати.[3]
Галерија
уреди-
Куќата во 2013 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Архитектура / Куќата на Дуцкиновци“. vevchani-info.mk. Архивирано од изворникот 2016-08-22. Посетено на 10 февруари 2023.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 3,0 3,1 „Куќа на Дуцкиновци“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-22. Посетено на 21 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди- Куќа на Дуцкиновци (Вевчани) на Ризницата ?