Куќа на Ѓурчинови
Куќа на Ѓурчинови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]
Куќа на Ѓурчинови | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | неокласично-необарокен |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | 1930 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Ѓорѓи Ѓурчинов |
Архитектура
уредиКуќата е сместена на почетокот на шеталиштето „Кеј Македонија“ бр. 6 (стара адреса „Кеј Маршал Тито“ бр. 3).[3] Изградена е во 1930 година од инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов, нејзиниот сопственик. Се одликува со строга симетрија и богато обработена со неокласични и необарокни елементи на југоападната фасада насочена кон шеталиштето. Кон европските стилови се придодадени и традиционалните архитектурни тенденции, како и личен дизајнерски елемент. Забележителни се слободно обработениот тимпанон, заоблените линии на прозорците и ложите, богато обработената ограда, играта на светлосенки во лаковите на катот, кои ја прават фасадата необично жива. На северозападната фасада се истакнува издадената веранда, која наликува на еркерната издаденост на традиционалната македонска староградска архитектура.[1]
На 11 декември 1989 година куќата е прогласена за споменик на културата.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Куќа на кеј Маршал Тито бр.6“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 31 август 2017.[мртва врска]
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 81.
- ↑ 3,0 3,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 154.