Африкански златен волк
Африкански златен волк (Canis anthus[3] или Canis lupaster[4]) — вид куче со потекло од Северна Африка и Африканскиот Рог. Тој е потомок на генетска мешавина од 72% сив волк и 28% етиопски волк. Се јавува во Сенегал, Нигерија, Чад, Мароко, Алжир, Тунис, Либија и Египет и Танзанија. На Атлас може да се види на височини дури до 1.800 метри. Првенствено е грабливец, чиј плен се безрбетници и цицачи, како газела, иако понекогаш напаѓа и поголеми животни. Неговата исхрана исто така вклучува трупови на животни, човечки отпад и овошје. Африканскиот златен волк е моногамен и територијален вид, потомците остануваат со семејството за да помогнат во одгледувањето на помладите[5].
Африкански златен волк | |
---|---|
Canis anthus bea | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Кучиња |
Род: | Волци |
Вид: | Африкански златен волк |
Научен назив | |
Canis anthus Федерик Кивје, 1820[2] | |
Подвидови | |
| |
Претходно бил класифицирана како африканска варијанта на златниот шакал, со најмалку еден подвид (Canis anthus lupaster). Во 2015 година, серија анализи за митохондријалниот ДНК на видот покажале дека тој всушност е различен и од златниот шакал и од сивиот волк, а повеќе е тесно поврзан со сивиот волк и којотот.
Тој игра истакната улога во некои африкански култури; во северноафриканскиот фолклор, се смета како недоверливо животно чии делови од телото можат да се користат за лековити или ритуалистички цели, додека се чува во голема почит во Сенегалната религија како првото суштество кое било создадено од богот Роог.
Наводи
уреди- ↑ Hoffmann, M. & Atickem, A. (2019). „Canis lupaster“. Црвен список на загрозени видови. 2019: e.T118264888A118265889.
- ↑ (француски) Cuvier, Frédéric (1824), Histoire naturelle des mammifères, tome 2, A Paris : Chez A. Belin ...
- ↑ Orrell, T. (20 November 2015). Roskov Y.; Abucay L.; Orrell T.; и др. (уред.). „Canis anthus F. Cuvier, 1820 (accepted name)“. Catalogue of Life: 2017 Annual Checklist. Catalogue of Life. Посетено на 17 November 2017.
- ↑ Alvares, Francisco; Bogdanowicz, Wieslaw; Campbell, Liz A.D.; Godinho, Rachel; Hatlauf, Jennifer; Jhala, Yadvendradev V.; Kitchener, Andrew C.; Koepfli, Klaus-Peter; Krofel, Miha; Moehlman, Patricia D.; Senn, Helen; Sillero-Zubiri, Claudio; Viranta, Suvi; Werhahn, Geraldine (2019). „Old World Canis spp. with taxonomic ambiguity: Workshop conclusions and recommendations. CIBIO. Vairão, Portugal, 28th - 30th May 2019“ (PDF). IUCN/SSC Canid Specialist Group. Посетено на 6 March 2020.
- ↑ Estes, R. (1992). The behavior guide to African mammals: including hoofed mammals, carnivores, primates. University of California Press. стр. 398–404. ISBN 0-520-08085-8.
Надворешни врски
уреди„African golden wolf (Canis anthus)“ на Ризницата ? |
„African golden wolf (Canis anthus)“ на Викивидовите ? |
- (арапски) Le fantôme du moyen Atlas شبح الأطلس المتوسط, AmouddouTV (Feb 13, 2014)
- (арапски) Nouveau!! Nouvelle espèce découverte... اكتشاف نوع جديد من الحيوانات/ حصري, AmouddouTV (Aug 15, 2015)