Куков Проток

(Пренасочено од Куков Теснец)

Куков Проток или Куков Теснец (англиски: Cook Strait) — проток помеѓу Северниот и Јужниот остров на Нов Зеланд. Со векови бил нарекувал „Раукава Моана“ од маорите, но моменталното име му се должи на Капетан Џејмс Кук, првиот европски командант кој го препловил (јануари - февруари 1770 г.).[1][2] На северната страна на протокот се наоѓа градот Велингтон, а пак на јужната, Марлборските Заливи итн. Облачен Залив.

Карта на Нов Зелканд со бележник кој ја покажува местоположбата на Куковиот Проток
Карта на Нов Зелканд со бележник кој ја покажува местоположбата на Куковиот Проток
Куков Проток
Куковиот Проток ги поврзува Тасмановото Море и Тихиот Океан. По природа е опасен и непредвидлив.
Поглед на протокот
Траектот Арахура кој сообраќа по Куковиот Проток (на сликата во Марлборските Заливи)

Веднаш западно, на Јужниот остров се наоѓаат два големи залива, Златен Залив и Тасманов Залив, и западно, брегот на Северниот остров е вовлечен во облик на џиновска крива кон брегот Капити and Јужнотараначкиот Залив. Источно Јужниот остров е вовлечен, со тоа што крајбрежјето оди југозападно по главата на Камбеловиот ‘Рт. Кусото јужно крајбрежје на Северниот остров оди долж Палисеровиот Залив, а завршува на Палисеровиот ‘Рт. Велингтонските населби Офирски Залив, Островски Залив, Хутонов Залив, Лијалов Залив, Ронготаи, врвот Моа и Брејкеровиот Залив гледаат кон брегот на Куковиот Проток.

Во добри временски прилики може да се види целиот Куков Теснец. Најтесниот дел има растојание од 23 км (помеѓу Терафитскиот ‘Рт на Северниот Остров и Перановската Глава на островот Арапава во Марлборските Заливи). Обратноинтуитивно, на ова место крајбрежјето на Јужниот Остров се наоѓа посеверно од крајбрежјето на Северниот Остров.

Превозот преку протокот се врши со траект кој оди помеѓу Пиктон во заливите и Велингтон. Заливот често е бурен заради силни јужни (и други) ветришта, од кои најсилни се оние во појасот наречен „Разрикани четириесетки“ (Roaring Forties).

Просечната длабочина на протокот е 128 метри.

Европска историја

уреди

Кога холандскиот морепловец Абел Тасман го открил Нов Зеланд во 1642, тој мислел дека ова е источно затворен залив. Затоа тој го крстил Зехенов Залив, по еден од двата брода на експедицијата. Во 1769 Џејмс Кук увидел дека протокот е пловен.

Препливување на протокот

уреди

Барем еден Маор го има препливано протокот („Раукава“) во 1831 г. По успешното препливување од страна на Бари Девонпорт на 20 ноември 1962, протокот е препливан многупати потоа.

Наводи

уреди
  1. Reed, A.W, (2002). The Reed dictionary of New Zealand place names. Auckland: Reed Books. стр. 99. ISBN 0-790-00761-4.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  2. „Cook completes circumnavigation of North Island“. nzhistory.govt.nz (англиски). Посетено на 2022-02-01.

Извори

уреди
  • Grady, Don (September 1982). Perano Whalers of Cook Strait, 1911–1964. Intl Specialized Book Service. стр. 238. ISBN 978-0-589-01392-9.
  • Harris, Thomas Frank Wyndham (1990). Greater Cook Strait. DSIR Marine and Freshwater. стр. 212. ISBN 0-477-02580-3.
  • Young, Victor (2009). Strait Crossing: The ferries of Cook Strait through time. Wellington, NZ: Transpress NZ. ISBN 9781877418112.

Надворешни врски

уреди