Пиктон (англиски: Picton, маорски: Waitohi) — гратче во северниот врв на Заливот на Кралицата Шарлота близу северноисточниот агол на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Во 2017 г. населението броело 4,350 жители. Наречен е по Томас Пиктон, воен соработник на Војводата од Велингтон кој загинал во Битката кај Ватерло.

Пиктон
Picton / Waitohi
Поглед на пристаништето во Пиктон
Поглед на пристаништето во Пиктон
ЗемјаНов Зеланд
РегионМарлборо
Површина
 • Вкупна33,79 км2 (1,305 ми2)
Население (June 2018)
 • Вкупно4,350
Пошт. бр.7220

Меѓуостровските фериботи пристигаат и поаѓаат кон Велингтон преку Марлборските Заливи. Најголемиот дел од заштитениот дел на маршрутата оди преку Торискиот Канал јужно од Арапава. Гратчето Ваикава е две минути возење од Пиктон и двата се пректично еден град. Вакикава има марина која е една од најголемите во Нов Зеланд.

СообраќајУреди

Главната северна железничка линија и државниот автопат (State Highway 1) го поврзуваат Пиктон јужно со Бленем, Крајстчерч и понатаму, додека живопосниопт пат по крајбрежјето (кој е пократок, но поспор) оди западно кон Хевлок.

Далекусежениот патнички воз Транскоустал доаѓа од Крајстчерч и линијата завршува во Пиктон.

Околни населени места се Анакива, Ваикава и Шекспиров Залив.

Поморскиот центар Едвин Фокс го чува бродот „Едвин Фокс“ кој е единствениот останат брод кој превезувал осуденици во Австралија. Момнетално бродот е во фаза на реставрација и конзервација.

Значајни личности родени во ПиктонУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди