Крушевски колбас
Крушевскиот колбас е врвен традиционален специјалитет од крушевското поднебје. Заедно со крушевскиот локум и целуфки, како и крушевската пита се најпрепознатливите кулинарски обележја на градот. Може да се најде во месните гостилници и во месарниците во Крушево.
Крушевскиот колбас и Вевчанскиот луканец се традиционални македонски колбаси кои од неодамна влегоа во светската арка на вкусови поддржана од организацијата ,,Slow Food”. Карактеристично за овие колбаси е тоа што при нивното производство не се користи нитритна сол. Поради тоа и нивниот рок на траење е ограничен на 3-10 дена. [1]
Состав и приготвување
уредиКрушевскиот дробен колбас се прави исклучиво од свежо месо.
Главни состојки се:
- 7,5 - 8 дела свинско (месо и сланина)
- 2 - 2,5 дела говедско месо
- Праз
- Печени суви пиперки
- Зачини (сол, бибер, и други тајни состојки)
Месата, празот и пиперките се дробат (сечкаат) на ситни парчиња (1цм) и смесата се остава да отстои еден ден.
Отстоената смеса се става во свинско црево и се прават парчиња од 15-20 цм. коишто се оставаат да се сушат (на одредена температура) 2-3 дена.
Приготвување за јадење
уредиКолбасот најдобро е да се пече на скара, но може да се пече и во тавче.
Најважно при печењето е да не се додава масло за да се зачува изворниот вкус на колбасот.
Крушевски колбас со месо од дивеч
уредиЗимно време, кога е ловна сезона, кај крушевските месари може да се најде и варијантата на Крушевскиот колбас со месо од дивеч.
Според нив ваквиот колбас ја зголемува половата моќ на мажите[2].
Наводи
уреди- ↑ Silovska-Nikolova, Pejkovski, Belichovska, Belichovska (2019). „TRADITIONAL MACEDONIAN SAUSAGES WITH STARTER CULTURES“. ResearchGate.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Утринска на Телма. „Приказна за крушевскиот колбас ни ја раскажува Кочо Бојаџиевски 31.01.2022“.