Луканец е домашен колбас типичен за Вевчани.

Составот му е главно од свинско месо и сланина и додатоци како што е лукот, по којшто и го добил името, потоа праз, сува пиперка и зачини (сол, бибер, буковец и др).

Крушевскиот колбас и Вевчанскиот луканец се традиционални македонски колбаси кои од неодамна влегоа во светската арка на вкусови поддржана од организацијата ,,Slow Food”. Карактеристично за овие колбаси е тоа што при нивното производство не се користи нитритна сол. Поради тоа и нивниот рок на траење е ограничен на 3-10 дена. [1]

Наводи уреди

  1. Silovska-Nikolova, Pejkovski, Belichovska, Belichovska (2019). „TRADITIONAL MACEDONIAN SAUSAGES WITH STARTER CULTURES“. ResearchGate.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)