Круша (Средно Нерези)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Круша

Карта

Местоположба 41°59′37″N 21°22′41″E / 41.99361° СГШ; 21.37806° ИГД / 41.99361; 21.37806
Основни податоци
Место Средно Нерези
Општина Карпош
Тип

 населба  некропола


Период бронзено време
железно време
римско време
Портал „Археологија“

Крушаархеолошко наоѓалиште во скопската населба Средно Нерези, Општина Карпош. Сочинето е од населба од бронзеното време и некропола од железното и римското време.

Во подножјето на една височинка, при изведување на градежни работи — пробивање на пат до скривниците, е откриена населба од бронзеното време. На истиот наврат е пронајдена и некропола со гробови од железното и римското време. Во 1994 г. Музејот на Град Скопје извршил интервентни археолошки ископувања при што се откриени јами, гроб - питос со слободно погребување и гробови со етажна конструкција.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 386. ISBN 9989-649-28-6.