Крстоарски манастир

Крстоарски манастир „Свети Христофор“ – православен манастир во близина на битолското село Крстоар, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Манастирот се наоѓа 1 км југозападно над селото Крстоар и околу 6 км од Битола.[1] До манастирот може да се пристигне и од соседното село Буково од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека. [2]

Крстоарски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1837
Посветен наСв. Христофор
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Свети Христофор“
Личности
Место
Местосело Крстоар, Општина Битола, Македонија Македонија
Координати40°59′22″N 21°20′29″E / 40.98944° СГШ; 21.34139° ИГД / 40.98944; 21.34139
Видливи остатоципорта, црква, конаци, чешма
Отворен за јавностада
Други информации(Буковска парохија)

Објекти

уреди

Црква

уреди
 
Поглед на влезот со фреската на Св. Христофор

Црквата во манастирот е подигната во 1837 година, а била обновена во 1926 година. Таа е еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови во наосот од запад и север, а има и директен пристап во олтарниот простор од југоисток.

Над северниот влез е поставена мермерна плоча со кратка историја за храмот. На западниот влез е насликан медалјон со Св. Христофер кој го држи малиот Христос на рамо.

Конаци

уреди

Посебна градба во кругот на манастирот служела како конак.

За време на Првата светска војна во манастирот биле сместени трупи од војската на Антантата.

Историски фотографии

Чешма

уреди

Во непосредна близина на црквата, на северна страна, се наоѓа чешма.

Наводи

уреди
  1. Каранфилов, тихомир (28 јуни 2017). „Крстоарски манастир „Св. Христофор". Македонска нација.
  2. Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Посетено на 9 јануари 2020.[мртва врска]