Кристијана Ф. - Ние децата од станицата Зоо

Кристијана Ф. - Ние децата од станицата Зоо (германски: Christiane F. - Wir Kinder vom Bahnhof Zoo) — германски филм од 1981 година, во режија на Ули Едел, кој го прикажува животот во Западен Берлин во 70-тите години, заснован на вистинити приказни од истоимената книга, која е напишана од снимките на касетата на тинејџерката Кристијана Ф. Филмот добил култен статус, во кој Дејвид Боуви, покрај тоа што глуми во филмот, исто така и ја компонира музиката за филмот, со што придонел филмот да стане многу популарен.

„Кристијана Ф. - Ние децата од станицата Зоо“
РежисерУли Едел
ПродуцентBernd Eichinger
Hans H. Kaden
Hans Weth
СценаристХерман Вигел
Кај Херман
Хорст Риек
Главни улогиНатја Брункхорст
Томас Хауштејн
МузикаЈурген Книпер
Дејвид Боуви
КинематографијаЈурген Јургес
Јустус Панкау
МонтажаЏејн Шајтц
Премиера1981
Времетраење138 минути
ЗемјаЗападна Германија
Јазикгермански
Буџет$2.7 милиони

Сиже

уреди

Тринаесетгодишната Кристијана Фелшеринов живее со својата мајка и нејзината помлада сестра, во мал стан, во повеќеспратната бетонска зграда на периферијата на Западен Берлин. Нејзе и здосадил тамошниот живот. Кристијана била страсна обожавателка на пејачот Дејвид Боуви. Кристијана слушнала за „Саунд“, нова дискотека во центарот на градот, која го добила името „најмодерната дискотека во Европа“. Немала доволно години за влез во дискотеката, па почнала да се облекува во гардероба за возрасни, носи штикли, и да се шминка, па бара помош од нејзината школска другарка Кеси, која постојано го поминува времето во „Саунд“, да и помогне да влезе. Кеси исто така ја снабдила со пилули. Во дискотеката запознава дечко по име Детлеф, кој е малку постар, и моментално е во друштво на луѓе кои експериментираат со најразлични видови дроги. Една вечер, Кристијана заедно со новото друштво од дискотеката, отишла во центарот Европа, и ограбиле продавница за карти. Следниот ден пие најразлични пилули и зема ЛСД, па се упатува на концертот на нејзиниот омилен пејач Дејвид Боуви, каде ја запознава Бабси, која има исти интереси како неа. Заедно со Бабси, пробуваат хероин за првпат, шмркајќи го. Сè повеќе и повеќе се вљубува во Детлеф, кој исто така веќе некое време користи хероин и самата почнува да ги користи секојдневно, како би била што поблиску до него. Со тек на време станува зависник од хероин. После нејзиниот 14 роденден, Кристијана престанува да се појавува дома и почнува да поминува сè повеќе време во станот на нивното друштво. Почнува да оди на станицата Зоо, голема железничка станица позната по дилери на дрога и проституцијата која се одвивала во подземните премини на таа станица. Како би можела финансиски да ја издржи новопечената зависност, угледувајќи се на својот дечко Детлеф, кој го продавал своето тело на мажи, почнува да задоволува муштерии на станицата. После некое време, Кристијана е пронајдена во несвесна состојба на подот на бањата во станот на нејзиното семејство. Пробува нагло да се одвикне од хероинот заедно со Детлеф. После наизглед успешното одвикнување, двајцата повторно заминуваат на станицата, каде малку по малку почнува да се враќа нивната зависност. Кристијана почнува да продава сè што поседува, краде од станот и паѓа на дното. Во една од најсуровите сцени, Кристијана е во јавен тоалет полн со урина и крв, каде и упаѓа постар корисник на дрога, кој ја тера да му го предаде веќе нејзиниот спремен шприц, и со него се прободува во вратот пред преплашена повозрасна жена, која случајно се затекла во ходниците на јавниот тоалет. Подоцна Кристијана и Детлеф го наоѓаат својот најдобар другар и цимер, Аксел, мртов, како последица на предозирање во нивниот стан. Тие заминуваат од таму и подоцна ќе живеат со еден од Детлефовите машки муштерии. Еден ден, Кристијана влегува во станот и ги затекнува Детлеф и сопственикот на станот како практикуваат анален секс, доживува нервен слом и бега. Заминува на станицата да ја најде Бабси, но открива дека и таа починала од предозирање, на неполни 14 години. Во жалост за смртта на нејзината другарка и неможноста да се одвикне од хероинот пробува да изврши самоубиство со предозирање, но филмот се прекинува и почнува нарација без слика, во која се зборува дека Кристијана со текот на времето го средила својот живот, но повеќето нејзини пријатели или умреле или продолжиле со нивната завист.

Режија

уреди

Филмот е снимен со мал буџет во 1980 година, а издаден е во 1981 година. Во филмот се прескокнува почетокот и крајот на книгата, и се фокусира повеќе на главната приказна, со почетокот кога Кристијана почнува со својот ноќен живот во Берлин отприлика на 13 години и крајот кога нагло после нејзиниот обид за самоубиство изјавува дека успеала да закрепне. Во реалниот живот, Кристијана Ф. никогаш потполно не закрепнала, ниту нејзините проблеми исчезнале со преселувањето во Хамбург, но филмот се фокусира што повеќе да ја прикаже зависноста од хероинот. Екипата на филмот била сочинета од глумци кои за првпат имале прилика да се појават на големото платно, и повеќето од нив сѐ уште оделе на училиште, кои сѐ уште не имале во план да станат глумци. Натја Брункхорст е единствениот член на екипата која ја продолжила својата кариера како глумица. Повеќето статисти на станицата и во дискотеката „Саунд“ биле бездомници, проститутки и корисници на дрога, кој режисерот ги земал само за сцени во кои требало да се прикаже голема маса на луѓе. Сцената кога Кристијана трча низ запуштените делови на станицата со намера да ја најде Бабси, камерата се фокусира на неколку корисници на дрога кои се потпрени на ѕидот на подземниот премин. Во 2011 година во едно интервју со Томас Хауштејн, кој го глуми Детлеф, и кој сѐ уште одел на училиште во тоа време, се сеќава како бил преплашен кога бил опкружен со сите вистински зависници околу него, но подоцна го копирал нивното однесување за својата улога во филмот. Денес е нелегално малолетник да глуми во филм во кој графички се прикажуваат сцени со вбризгување хероин, голотија и секс сцени; но во тоа време единствено што требало да направи продукциската куќа било да добие писмено одобрение од страна на родителите.

Постојат мали историски грешки во филмот:

  • Концертот на Дејвид Боуви кој се прикажува во филмот се одржал во Њујорк а само неколкумина глумци од филмот биле присутни на самото место, затоа што во тоа време Боуви настапувал на Бродвеј неколку ноќи неделно и не бил во можност да снима во Берлин. Сцените со огромните концерти се всушност снимени на концертот на AC/DC во Германија.
  • Хомосексуалноста била нелегална во Западна Германија во времето кога се снимал филмот и клиентите морале да бидат директни кога барале машки проститутки, додека Детлефовиот клиент бил отворен во своите желби.

Надворешни врски

уреди