Кристијана Фелшеринов
Кристијана Ф. (родена Кристијана Вера Фелшеринов, Christiane Vera Felscherinow) (20 мај 1962 година, Хамбург, Западна Германија) - германска композиторка, писателка и музичарка. Највпечатлива и најпозната во светот е по автобиографската книга Ние децата од станицата Зоо (Wir Kinder vom Bahnhof Zoo). Според истоимената книга две години подоцна, во 1981 година бил снимен истоимениот филм. Во 2013 година има објавено втора книга со наслов Мојот втор живот, која е еден вид продолжение на првата книга.
Животопис
уредиКристијана Ф. е родена во Хамбург, но подоцна, како дете со своите родители се преселила во Западен Берлин. Живеела во несредено семејство со таткото алкохоличар кој подоцна го напуштил семејството. На возраст од 12 години таа почнала да пуши хашиш, заедно со своето друштво. Наскоро започнале да користат силни дроги како ЛСД и различни видови пилули, за на крајот да премине на хероин, веќе со 14 години таа била зависник. За да заработи пари за наркотици таа почнала да се занимава со проституција.
Нејзината животна приказна привлекла внимание на берлински новинари кои по двочасовен интервју како што била идејата, преминале на снимање магнетофонски записи во текот на два месеци. По голем интерес на читателите кои биле заинтересирани за статиите за нејзиниот суров живот, издавачите решиле да објават книга сведувајќи го нејзинното презиме само со почетната буква. Книгата ја издал издавачот Штерн-Бух и таа станала набргу светски бестселер[1].
По наполнето полнолетство неа ѝ била достапна банкарска сметка на која имало хонорар од 400.000 германски марки.
Филмот е снимен на истите локации, во Гропијусштат и на железничка станица Зоо, дискотека Саунд во Тиргартен. Во филмот улога имал и Дејвид Боуви, омилениот пејач на Кристијана, кој се појавува на концерт во дискотеката Саунд (Sound). Боуви направил саундтрак за филмот, кој е објавен во Германија 1981 година, со главната песна „Херои“.
Филмот и книгата ѝ имаат овозможено огромна слава. Со својот дечко Александар Хакеј, играч во германската група Ајнштирзенд Нојбатен има снимено два албуми.
Во 2013 ја објавила втората книга Мојот втор живот, каде како соавтор се појавува Соња Вуковиќ.
Кристијана Ф. при една употреба на веќе користена игра била инфицирана од хепатит Ц.
Наводи
уреди- ↑ Felcherinow/Vukovic, Christiane/Sonja (2013). Mein Zweites Leben. Nemačka: Deutscher Levante Verlag GmbH. стр. 37. ISBN 978-3-943737-12-7.