Криви Дол (Радање)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Криви Дол

Карта

Местоположба 41°46′50″N 22°16′31″E / 41.78056° СГШ; 22.27528° ИГД / 41.78056; 22.27528
Основни податоци
Место Радање
Општина Карбинци
Тип

 некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Криви Долнекропола од железното време кај селото Радање во општина Карбинци. Се наоѓа на северниот крај на селото, од левата страна на суводолицата Криви Дол, во некогашната нива на М. Иванов, денес населена со новоградби. Во 1942 година Иван Венедиков извршил мало сондажно ископување. Подоцна, во 1956/57 година, во организација на Народниот музеј од Штип, под раководство на Милутин и неговата сопруга Драга Гарашанин, биле извршени систематски истражувачки работи. Биле откопани и проучени поголем број гробови со инхумација под мали тумули. Според погребниот ритуал и карактерот на гробните прилози од керамика, метал, килибар и друго, поточно, според видот на предметите и орнаментиката, некрополата е датирана во VII-VI век пред н.е. Наодите од првото ископување се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје, а од вторите во Заводот и музеј во Штип.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 440. ISBN 9989649286.