Крива Јабука
поранешно село во Кратовско
Крива Јабука — историско село на територијата на Општина Кратово, денес во атарот на градот Кратово.
Крива Јабука | |
Координати 42°4′9″N 22°12′17″E / 42.06917° СГШ; 22.20472° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Кратово |
Област | Осогово |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 14013 |
Географија
уредиСелото се наоѓало југозападно од Кратово, во јужното подножје на Осоговските Планини. Било сочинето од две маала — Горна Крива Јабука и Долна Крива Јабука.[2]
Историја
уредиВо XIX век Крива Јабука било мало македонско село во Кратовска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крива Јабука имала 25 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. Крива Јаб’лка (Kriva Yabalka) имало 16 Македонци, сите под Егзархијата.[3][5]
Личности
уреди- Пане Иванов (? – 25 мај 1925) — револуционер, деец на ВМРО
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 223. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 130–131.