Кремлинген
Кремлинген (германски: Cremlingen) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со Лере, Кенигслутер, Зикте и Брауншвајг. Делови од општината се наоѓаат на ридскиот масив Елм.
Кремлинген | |
Замок Дештет | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Волфенбител |
Градоначалник | Детлеф Кац (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 59,25 км2 |
Надм. височина | 119 м |
Население | 13.289 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 224 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WF |
Пошт. бр. | 38162 |
Повик. бр. | 05306 |
Портал | www.cremlingen.de |
Местоположба на Кремлинген во рамките на округот Волфенбител | |
Координати | 52°14′56″N 10°39′15″E / 52.24889° СГШ; 10.65417° ИГД |
Географија
уредиОпштината се наоѓа помеѓу Северногерманската Низина и средногерманските ридови.
Општински единици
уредиКремлинген настанал во 1974 година со спојување на поранешните општини:
- Абенроде (500 жит.)
- Кремлинген (2.651 жит.)
- Дештет (1.512 жит.)
- Гардесен (585 жит.)
- Хемкенроде (384 жит.)
- Хордорф (1.105 жит.)
- Клајн Шепенштет (701 жит.)
- Шандела (2.284 жит.)
- Шуленроде (282 жит.)
- Ведел (3076 жит.)
бројот на жители од 1 јануари 2016
Историја
уредиОд 8 мај 1944 до 12 април 1945 година постоел концентрациски камп.[2] Кампот бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.
До укинувањето во 1974 година, некогашните општини припоени во Кремлинген биле дел од округот Брауншвајг.
Сообраќај
уредиОпштината има две железнички станици во местата Шандела и Ведел на железничката линија од Брауншвајг до Магдебург; Ведел е опслужуван и од возовите кон Волфсбург.
Сојузниот автопат 1 поминува низ општината, а од крајот на септември 2006 година, Кремлинген има врска до сојузниот автопат 39, кој нуди врски до Волфсбург и Брауншвајг.
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Кампот е забележан под бр. 1292 Шандела, Округ Брауншвајг, во официјалниот германски список
Надворешни врски
уреди- Кремлинген на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |