Краток спој
Краток спој[1], кратка врска или куршлус[2] – несакан електричен спој во кој струјата има различен пат од оној кој е нормален за даденото електрично коло. Струјата на кратка врска обично е значително поголема од нормалната, што доведува до прегревање на спојното место, а заради тоа често и до пожари.
Причини
уредиПричините за краток спој се различни. Може да биде откажување на компоненти заради различни причини, невнимание при ракување, допир со вода, допир на метални предмети со деловите на електричното кола, глодачи кои ја гризат изолацијата, итн.
Заштита
уредиПри краток спој на електричните инсталации доаѓа до проток на многу големи струи.
Осигурувачот тога треба да го прекине електричното коло и служи како заштита. Во спротивно, спроводниците се прегреваат и доаѓа до пожар. Друга заштита е изолацијата на жиците и заради тоа тие често имаат повеќеслојна изолација.
Струја на краток спој
уредиАко дојде до кратка врска на линиите за снабдување со електрична енергија или меѓу краевите на батериите, струјата на краток спој ќе биде исклучително голема и ќе биде ограничена само со внатрешниот отпор на батеријата или генераторот и електричните спроводници до местото на кратка врска.
Постојат четири струи на краток спој:
- Ударна струја на краток спој - Iud
- Почетна струја на краток спој - Ip
- Струја на исклучување - Ii
- Трајна струја на краток спој - It
Ударната струја на краток спој е најголема и таа е моментална максимална вредност. Таа е меродавна за пресметка на собирниците и изолаторите.
Почетната струја претставува вредност на краткиот спој на почетокот, чија максимална вредност е еднаква на максималната вредност на еднонасочната компонента на струјата. Оваа струја делува на загревање на спроводницитге и заради тоа е меродавна при изборот на изолаторите.
Струјата на исклучување е делотворна вредност на максималната струја по истекот на времето на исклучување потребно да реагираат елементите за приклучените делници во краток спој. Оваа струја е меродавна за избор на прекинувачот.
Трајната струја на краток спој претставува делотворна вредност на максималната струја на краток спој после исчезнување на еднонасочната компонента, кога доаѓа до стабилизација на напонот на мрежата.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Principles of Electric Circuits, 7th edition, Thomas I. Floyd, Prentice Hall, ISBN 0-13-098576-7, pp. 163 до 165.