Кралство Хрватска (925–1102)

Кралството Хрватска (хрватски: Kraljevina Hrvatska; латински: Regnum Croatiae), или Хрватско Кралство (хрватски: Hrvatsko Kraljevstvo), било средновековно кралство во Јужна Европа кое го сочинувало поголемиот дел од денешна Хрватска (без денешна Истра и некои далматински градови), како и поголемиот дел од денешна Босна и Херцеговина. Кралството постоело како суверена држава речиси два века. Неговото постоење се одликува со разни конфликти и периоди на мир и сојузништво со Бугарите, Византијците, Унгарците, и борбите со Венеција за контрола на источниот јадрански брег. Употребата на словенскиот јазик во богослужбата била залагана во 10ти век од епископот Гргур, што резултирало со конфликт со Папата, later to be put down by him.[2] Во втората половина на 11ти век Хрватска ги добила крајбрежните градови во Далмација откако Византиската империја ја изгубила контролата над нив. Во овој период кралството го достигнало својот подем за време на владеењето на кралевите Петар Крешимир IV (1058–1074) и Димитар Звонимир (1075–1089).

Кралство Хрватска
Kraljevina Hrvatska
Regnum Croatiae
Приказ на круната на кралот Звонимир
Croatia during the reign of King Tomislav in purple and vassal states in light purple
Croatia during the reign of King Tomislav in purple and vassal states in light purple
Croatia during the reign of King Tomislav in purple and vassal states in light purple
Главен градРазлични со текот на времето

Нин
Биоград
Солин
Книн
Демоним Croatian
Уредување Феудална монархија
а. ^ Tomislav is regarded as the first king due to being addressed as Rex (King) in a letter sent by Pope John X and the Council conclusions of Split in 925 AD. Circumstances and the date of his coronation are unknown. The authenticity of the Papal letter has been questioned, but later inscriptions and charters confirm that his successors called themselves "kings".[1]
Башчанската плоча напишана со глаголица, 1100 год.

Државата била владеена од династијата Трпимировиќ до 1091. Потоа царството доживеало криза и по една деценија борби за престолот и поразот во Битка на Гвозд, круната преминала во рацете на династијата Арпади со крунисувањето на кралот Коломан за „Крал на Хрватска и Далмација“ во Биоград во 1102, обединувајќи ги двете кралства под една круна.[3][4][5][6]

Наводи

уреди
  1. Van Antwerp Fine, John (1991). The Early Medieval Balkans. University of Michigan Press. стр. 264. ISBN 0472081497.
  2. „Who were Bogomils“. Архивирано од изворникот на 2009-10-19. Посетено на 13 October 2009.
  3. Larousse online encyclopedia, Histoire de la Croatie: "Liée désormais à la Hongrie par une union personnelle, la Croatie, pendant huit siècles, formera sous la couronne de saint Étienne un royaume particulier ayant son ban et sa diète." (на француски)
  4. Clifford J. Rogers: The Oxford Encyclopedia of Medieval Warfare and Military Technology, Volume 1, Oxford University Press, 2010, p. 293
  5. Luscombe and Riley-Smith, David and Jonathan (2004). New Cambridge Medieval History: C.1024-c.1198, Volume 4. Cambridge University Press. стр. 273–274. ISBN 0-521-41411-3.
  6. Kristó Gyula: A magyar–horvát perszonálunió kialakulása [The formation of Croatian-Hungarian personal union] Архивирано на 31 октомври 2005 г.(in Hungarian)