Коломан I Унгарски роден (околу 1070 - 3 февруари 1116) бил унгарски крал од (1095-1116) и далматински и хрватски крал од (1102-1116) од династијата Арпадовци.

Коломан

Детство и младост

уреди
 
Крунисување на Коломан

Коломан бил постар син на Геза I, идниот унгарски крал и Софија, првата жена на Геза. Роден е, како и неговиот брат Алмош, околу 1070 година. Коломановиот татко дошол на престолот во 1074 година откако му нанел пораз на бившиот крал Стефан III во Битката кај Моѓород. На престолот се задржал три години, и умрел на 25 април 1077 година. Го наследил братот Ладислав I бидејќи синовите му биле малолетни. Ладислав го поставил Коломан за свештеничка кариера што било чудно, бидејќи Коломан бил постар син. Така Коломан научил да чита и пишува, стекнал солидно знаење за канонското право. Откако го завршил студирањето, станал еписхист Јегра или Варадин.

Доаѓање на власт

уреди

Според Унгарската хроника, Коломан и Алмош го прателе Ладислав на неговиот воен поход против Чешка во почетокот на 1095 година. Ладислав на походот се разболел, и го именувал Алмош за свој наследник. Коломан не ја почитувал одлуката на стрико му, туку побегнал во Кралството Полска од акде што се вратил после смтра на Ладислав во јули 1095 година. Според Унгариската хроника, Коломан бил повикан од Ладислав да се врати во Унгарија. Исто од тој извор се дознава дека Алмош без противење се согласил Коломан да ја преземе круната, што би значело дека смената на престолот била изведена без крвопролевање. Коломан на почеткот на 1096 година бил крунисан за крал на Унгарија.Папата Урбан II му ги одзел црковните овластувања.

Народна крстоносна војна

уреди
 
Унгарија во 11 век

Коломан бил крунисан од архиепископот Серафим во Столен Белград. Алмош го признал владеењето на Коломан, а за возврат добил војводства кои биле раководени од страна на неговиот татко и дедо пред да дојде на престолот - една третина од Кралството Унгарија. Веднаш по доаѓањето на власт, Коломан морал да се соочи со проблемот што го предизвикале христијаните од Првата крстоносна војна. По Соборот во Клермон (1095) група крстоносци одлучила веднаш да тргне вокрстоносна војна, и да не го послушаат советот на папата Урбан да се чека жетвата. Тоа била т.н. Народна крстоносна војна. Крстоносците морале да ја преминат територијата на унгарското кралство. Првата армија ја водел Валтер без Земја, ја преминале границата на 8 мај и поминале низ Унгарија без какви било проблеми. Следната војска ја водел Петар Пустиник, а земјата ја поминале тивко, сè додека стигнале до Земун. Таму влегле во судир со месното население што заврши со масакр на околу 4.000 Унгарци. Коломан тргнал со своите војници на христијаните, но крстоносците се повлеколе на време. Третата група крстоносници доаѓала од Нитра. Веднаш по преминот во Унгарија, почнале да пљачкаат во регионот меѓу Мосон и Столен Белград. Коломан ги нападнал и ги масакрирал.

 
Коломан и Готфрид Бујонски

Вознемирен поради проблемите што ги направиле крстоносците, Коломан им забранил на други крстоносци да поминуваат низ Унгарија. Следната војска била предводена од Емих од Лајнинген, кој во својата земја (Светото Римско Царство) направил масакр на Евреите кои ги сметал за пагани. Знаејќи за овој масакр, Коломан не му дозволил да ја премине границата со Унгарија.

Последната година на владеење

уреди

Годината 1107 Алмош повторно крева бунт против брат му и заминува во Полска каде што нашол поддршка во кралот Болеслав III. Алмош организирал поход на Унгарија кој завршил со неуспех. Брат му повторно му простил, и склопил договор со Болеслав против германскиот цар Хенри V. Коломан починал на 3 февруари 1116 година. Бил погребан во катедралата во Секешфехервар. Него го наследил неговиот син Стефан II.

Литература

уреди
  • Engel, Pál (2001). The Realm of St. Stephen: A History of Medieval Hungary, 895-1526. London & New York: I.B.Tauris.
  • Фајфрић, Жељко (2006). Историја крсташких ратова. Сремска Митровица: Табернакл. ISBN 978-86-85269-05-9.
  • Berend, Nora (2001). At the Gate of Christendom: Jews, Muslims and 'Pagans' in Medieval Hungary, c. 1000–c. 1300
  • Fine, John Van Antwerp Jr. (1991) [1983]. The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century. Ann Arbor, Michigan: University of Michigan Press.
  • Klaić, Vjekoslav (1905). „O krunisanju ugarskih Arpadovića za kraljeve Dalmacije i Hrvatske (1091-1207)“. Vjesnik Hrvatskoga arheološkoga društva. 8: 107–117.
  • Рокаи, Петер (2002). „Историја Мађара од најстаријих времена до Мохачке битке 1526. године“. Историја Мађара. Београд: Clio. стр. 7–183.
  • Szoldos, Attila (1998). „Hrvatska i Slavonija u kraljevstvu Arpadovića“. Povijesni prilozi. 17: 287–296.
  • Fine, John Van Antwerp Jr. (1991) [1983]. The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century. Ann Arbor, Michigan: University of Michigan Press.