Гргур Нински
Гргур Нински — нински епископ кој се залагал за употреба на глаголицата и богослужење на старословенски јазик.
Гргур бил епископ на Нин, покрај Задар, помеѓу 900 и 929 година. Бил познат заговорник за употребата на старословенскиот јазик и глаголицата во богослужбата, наспроти латинското писмо и јазик кои биле задолжителни во римската црква. Глаголицата се ширела во Далмација и Истра без дозвола на црковните поглавари, а еден од нејзините првоборци е Гргур Нински. Кога во 925 Томислав се прогласил за крал, Гргур Нински имал водечка црковна власт во Хрватска и бил канцелар на кралскиот двор. [[Категорија:Јован Зонара