Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Кравари

црква во Кравари, Битолско

Успение на пресв. Богородицацрква кај битолското село Кравари, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Успение на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Краварско-бачка
Местоположба

Карта

Координати 40°59′33.1″N 21°22′59.2″E / 40.992528° СГШ; 21.383111° ИГД / 40.992528; 21.383111Координати: 40°59′33.1″N 21°22′59.2″E / 40.992528° СГШ; 21.383111° ИГД / 40.992528; 21.383111
Место Драгожани
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1894
Архитектонски опис
Архит. тип базилика
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, сместен на југоисточниот крај на селото. Изградена е во 1894 година. Обновена е во 1917 и осветена во 1932 година.[1] Претставува голема базилика со отворен ѕидат трем на запад и југ кој има повеќе последователни покриви. На северозапад има помошна градба со куловидна камбанарија на шест ката.

Забележително е тоа што црквата е подигната на тумба во месноста Старо Село, каде има остатоци од населба од неолитот, бакарното и бронзеното време.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Кравари“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 34. ISBN 9989-649-28-6.