Црква „Св. Ѓорѓи“ - Гермијан
црква во Гермијан, Битолско
Св. Ѓорѓи Победоносец (Св. Георгиј Победоносец) — црква во битолското село Гермијан, Општина Новаци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Ѓорѓи Победоносец
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Краварско-бачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°55′0.1″N 21°31′40.2″E / 40.916694° СГШ; 21.527833° ИГД |
Место | Гермијан |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Завршено | 1860 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на Долното Маало (Долно Село). Подигната е во 1860 година. Претставува еднокорабна камена градба. Има полукружен свод и влез од јужната страна, а украсена е со фрески и икони. За време на Првата светска војна селото било на фронтовата линија, и црквата била целосно уништена. Во 1925 г. е обновена и живописана, а во 1990 г. е извршена повторна обнова.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Цркви“. visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 26 февруари 2014.