Таен македонски комитет

Тајниот македонски комитет е асоцијација на македонските студенти и интелектулаци во Софија, целата на нивното делување била борбата против странските пропаганди во Македонија, првенствено против бугарската. Меѓу овие дејци има влијание на странските пропаганди, особемо на српската пропагнда, но тие сепак манифестрирале висока национална зрелост во однос на македонскиот национален индивидуалитет.[1]

Темко Попов

Основање на комитетот

уреди

Комитетот бил основан 1885 година во Софија, Бугарија и дејствувал илегално. Комитетот се зродил меѓу македонските студенти на Софискиот универзитет. Според податоците на бугарската полиција, дваесетина македонски студенти почнале да ја шираат идејата за македонски национален индивидуалитет и од страна на бугарските власти биле обвинети за сепаратизам.[2]

Целта на Комитетот

уреди

Комитетот се залагал за посебен македонски национален индивидуалитет[2], развој на македонската национална свест и заштита на националниот индивидуалитетот од посегањата на пропагндите кој го делеле македонскиот народ на Срби, Бугари и Грци, односно се истакнувало дека Македонците не се Бугари, македонскиот народ е посебен народ[2], со посебно историско минато, сегашност и иднина[2]. Треба да се истакне дека таквите ставови на комитетот претставувале закана за бугарската политика кон Македонија[2], односно присоединувањето на Македонија кон Бугарија[2]. Поради тоа ќе бидат во немилост на бугарските власти и ќе бидаат гонети како сепаратисти.[2]

Програмата на комитетот

уреди

1. Отстранување на Бугарската егзархија од Македонија, која е носител на бугаризмот[3]

2. Истакнување на националниот индивидуалитет на македонскиот народ на Балканот[3]

3. Обновување на Охридската архиепископија како самостојна црква во Македонија[3]

4. Воведување на македонскиот јазик во училишната настава и администарција во Македонија[3]

Растурање на комитетот

уреди

Тајниот македонски комитет бил откриен од страна на бугарските власти и растурен[2]. Голем дел од членовите на комитетот ја напуштиле Бугарија, а некои од нив заминале во Србија. Во Белград поранешните членови на комитетот Коста Групче, Наум Евро, Темко Попов и Тома Карајовов стапиле во контакт со српската пропаганда[2] и во 1886 година тие учествувале во создавањето на Друштвото Србо - Македонци[2] од Цариград. На тој начин поранешните членови на комитетот влијаеле во програмските определби на Друштвото Србо - Македонци.

Членови на комитетот

уреди

Извори

уреди
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Климент Џамбазовски, Неуспел обид за издавањето на Македонскиот лист во Цариград 1887 година. Сп. Современост - Скопје, 1964.