Космос-1129
Космос-1129, познат и како Бион-5 и Биокосмос-5, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.
Космос-1129
| |
---|---|
Тип на мисија | биолошко истражување |
Датум на лансирање | 25 септември 1979 |
Носечка ракета | Р-7 Семјорка (руски: Семёрка) (8К71, НАТО ознака SS-6 Sapwood), кој претставува повеќестепена ракета |
Место на лансирање | Плесецк, СССР |
Орбитален наклон | 62,8 ° |
Орбитален период | 90,5 минути |
Апоапсида | 406 км |
Периапсида | 226 км |
Меѓународна ознака | 1979-083A |
Податоци
уредиОпшти податоци
уредиСателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 25 септември 1979 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од повеќестепената носечка ракета Р-7 Семјорка. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 6000 килограми. Космос-1129 бил сателит наменет за биолошко истражување. Во експериментите кои биле спроведени на него учествувале 9 земји, а направени се обиди за создавање на нови видови цицачи во вселената, што се покажало неуспешно.
Орбитални податоци
уредиИсфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90,5 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 62,8°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 406 км, а најмалото на 226.