Корисник:Ajta/Долно Градиште
„Долно Градиште“
| |
| |
Местоположба | 22°30′33″N 41°52′58″E / 22.50917° СГШ; 41.88278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Кочани |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
На 6 км. северно од Кочани, во подножјето на Осоговските Планини, а на северниот брег од вештачкото езеро Гратче се наоѓа археолошкиот локалитет Долно Градиште (според значењето на топонимите, името “град“ се изведува од толкувањето - стара тврдина или крепост). Наоѓалиштето е ситуиран на истоимениот доминантен рид кој се надвишува над езерото, омеѓен од длабоките клисури на Мала и Голема Река, кои во сливот ја формираат Кочанска Река. Ридот е со рамно плато на кое се видливи остатоци од фортификација. Оградениот простор е со неправилна форма со ориентација југоисток-северозапад; ѕидот ја следи природната конфигурација на теренот, притоа следејќи скоро една иста изохипса.
Наспроти историските извори, кои ги среќаваме многу подоцна, или пак даваат само општа слика на целиот регион, археолошките остатоци од овој регион укажуваат на континуиран живот од многу ран период.
Историјат
уредиВо раната антика овој регион, кој географски се поврзува со течението на Брегалница или на античкиот град Астибос, влегувал во состав на Пајонската држава и бил населуван од Пајонското племе Дерони. Во текот на римскиот период административните реформи на тогашните цареви довеле до делумни промени на границите и ова е една од причините поради кои регионот влегувал во состав на различни провинции, како Macedonia, Trakia, Macedonia Secunda, Dacia Mediteranea.
Балканските провинции добиваат поголемо значење за Римската Империја кон крајот на III и IV век, кога Царството претрпело големи промени во економскиот, политичкиот и административниот живот. Во тоа време започнува изградбата на нов и силен одбранбен систем во Македонија, за одбрана од нападите на северните племиња. Многу остатоци од тој систем можат да се видат и денес.
Колапсот на локалниот лимес по течението на Брегалница се поврзува со крајот на антиката. Ова е периодот кога започнува утврдувањето и обновувањето на веќе постоечките одбранбени ѕидови на позначајните населби. Наоѓалиштето Долно Градиште е една од тие обновени населби.
Истражувачки работи
уредиПрви пишани податоци за овој локалитет се наоѓаат во белешките на археологот М. Гарашанин во 1959 година. Потоа, во 1964 година го споменува и А. Керамидчиев при рекогносцирањата што ги правел низ Источна Македонија.
Ископувањата од 2004 година се првите истражувачки активности од превентивен карактер поради изградбата на локалниот пат кој Кочани го поврзува со селото Јастребник. фортификацијата зафаќа простор од околу 1,5 хектари и има дебели одбранбени ѕидови кои затвораат неправилна форма со димензии 200х100/50 метри. Високата источна акропола, со остатоци од средновековна одбранбена кула, доминира над широката станбена тераса, која е сместена источно и јужно од акрополата. Многу од остатоците кои се пронајдени таму се делови од ѕидот кој ја следел западната страна, се до северозападното чело, каде се пронајдени остатоци од уште една средновековна одбранбена кула.
Многу остатоци од објекти за живеење се сместени во подножјето на источната страна на северозападната кула. Вреден за споменување е фактот дека нивните темели се вградени директно во карпата.
Артефакти
уредиНа наоѓалиштето изобилува присуството на градежна керамика, украсена со најразлични врежани орнаменти, додека кај садовата грнчарија провладуваат фрагментите со врежани хоризонтални и брановидни линии во повеќе варијанти. Важно е да се напомене дека се пронајдени и средновековни зграфито чинии и предмети од обработена животинска коска.
Освен садовата грнчарија и градежната керамика, забележливо е и големото присуство на згура. Наоѓалиштето “Згурите“ е во непосрдна близина на овој локалитет и порано биле поврзани со стара античка патека. Ова е една од причините поради кои се верува дека наоѓалиштето е стара рударска населба поврзана со рудоносниот Осоговски регион.
Присуството на некропола во непосредна близина на утврдувањето е доказ за постоењето на постојана населба.
Галерија
уреди-
Зграфито чинија
-
Обработени животински коски
-
Градежна керамика и грнчарија
-
Гроб
-
Објект
-
Монета од Раниери Зено (1253-1268) - аверс
-
Монета од Раниери Зено (1253-1268) - реверс
-
Монета од Јустинијан I (527-565)