Елена Тројанска
Елена Тројанска (старогрчки: Ἑλένη = „Месечина“) — лик од старогрчката митологија, позната како најубавата жена на своето време. Таа била ќерка на Зевс и Леда (по една верзија) или на Тиндареј и Леда (по друга верзија), сопруга на спартанскиот крал Менелај и сестра на Клитеменстра.[1] [2]
Митот за Елена
уредиКако најубава жена на своето време, Елена ја барале за жена многу грчки владетели и воени чиновници. Таа за свој сопатник го избрала Менелај, кој станал крал на Спарта, а нејзиниот татко, по советот на Одисеј, побарал од оние кои таа ги одбила да дадат свечена заклетва дека ќе ги бранат Елена и Менелај од сите непријатели.[3] Со Менелај имала едно дете — ќерката Хермиона, и живеела неколку години со него во Спарта.[4] Меѓутоа, кога тројанскиот принц Парис го посетил Менелај во Спарта, тој успеал да ја заведе Елена и ја зел со себе во Троја. Поради тоа, Ахајците предводени од Агамемнон, тргнале во воен поход кон Троја, со цел да ја вратат Елена и да го одбранат правото на Менелај, со што официјално започнала Тројанската војна која траела 10 години.
Наводи
уреди- ↑ Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 82.
- ↑ „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 165.
- ↑ „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 166.
- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 537-549.