Константин Даласен

Констанин Даласенвизантиски војсководец на копно и море за време на владеењето на Алексиј I Комнин (1081–1118), особено во походите против Чака Беј од Смирна. За неговиот живот се знае од делото Алексијада од Ана Комнина.

Константин Даласен
ДржаваВизантија
Чиндукс на флотата, таласократ
Битки/војниВизантиско-селџучки војни, Битка кај Левунија

Животопис

уреди

Според Алексијадата, Константин Даласен бил во роднинска врска со Алексиј I и неговата мајка, Ана Даласена, но вистинската врска останува непозната.[1][2] Првпат се спомнува во 1086/7 година, кога бил испратен како пратеник да ги прифати Синопе околните турски градови од чауш кој станал одметник, се покрстил и станал соработник на византијците. Даласен станал управник на флотата, додек пак чаушот бил дукс на Поморие.[3][4]

Во пролетта 1090 година, бил прогласен за друнгариј и му била дадена командата на виантиските поморски сили во борбата против Чака Беј од Смирна. Чака Беј, кој порано бил византиски вазал, имал направено сопствена флота, и зазел неколку егејски острови, и огабил други. По заземањето на островот Лезбос (со исклучок на тврдината Метима) и Хиос, тој ја поразил флотата под водство на Никит Кастамонит.[1][2] Искористувајќи го отсуството на Чака Беј од Смирна, Даласен ги истоварил своите војски на близу Хиос и се утврдил кон утврдениот главен град. Иако византијците го зазеле пристаништето, не успеале да го заземат градот. Во меѓувреме, Чака беј собрал околу 8.000 луѓе, според записите во Алексијадата, и тргнал да помогне на опсадениот град. Неговата армија тргнала од спротивната страна на островот, додека неговата флота го следела, пловејќи по крајбрежјето. Даласен го задолжил Константин Оп да го попречи напредокот на Турците, но кога видел дека Турците се приближуваат во ноќтаb, одбил да влезе во конфликт со Чака Беј кој ги имал врзано своите бродови со синџири.[2][5] Двете војски имале неколку судири, но наскоро започнале преговори. Даласен ги одолговлекува преговорите и кога Чака Беј се вратил во Смирна, за да собере уште војска, тој ги собрал своите луѓе, подготвил поголем број на опсадни машини и ја зазел тврдината со изненаден напад.[2][6]

Во 1091 година, Се споменува дека Даласен учествувал во походот на Алексиј I против Куманите на Балканот. Во одлучувачката битка кај Левунија на 29 април 1091 година, тој го командувал левото крило на војската.[2][7]

Во 1092 година, повторно бил пратен против Чака Беј, но сега со титула таласократор, под водство на новиот мега дукс, Јован Дука. TДвајџцата војсководци го нападнале Митилена на Лезбос, кој сè уште бил под власт на Чака Беј. Дука, кој бил водач на копнените сили, пристигнал прв, и го нападнал градот. Опсадата траела три месеци, пред Чака Беј се понудил да го предаде градот за безбеден премин назад во Смирна. Дука се согласил, но Даласен, којшто туку пристигнал, ја нападнал турската флота. Заробил многу турски бродови, и наредил екипажите како и веслачите сите да бидат погубени.[4][8]

Дласен се вратил во Цариград. Во пролетта 1093 година, кога Чака Беј го нападнал пристаништето Абидос во Мраморното Море, Алексиј повторно го испратил да се соочи со него на море. Во исто време, however, Алексиј го повикал султанот Иконискиот Султанат Килиџ Арслан I (1092–1107) да го нападне Чака Беј од заднина. Султанот се сложил, и при еден повик го убил Чака Беј. Ништо повеќе не се знае за Даласен по овој период.[9][10]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Anna Komnene. Alexiad, VII.8 (Dawes 1928, стр. 183).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Skoulatos 1980, стр. 61.
  3. Anna Komnene. Alexiad, VI.9 (Dawes 1928, стр. 154).
  4. 4,0 4,1 Skoulatos 1980, стр. 61–62.
  5. Anna Komnene. Alexiad, VII.8 (Dawes 1928, стр. 183–184).
  6. Anna Komnene. Alexiad, VII.8 (Dawes 1928, стр. 184–187).
  7. Anna Komnene. Alexiad, VIII.5 (Dawes 1928, стр. 203).
  8. Anna Komnene. Alexiad, IX.1 (Dawes 1928, стр. 214–217).
  9. Anna Komnene. Alexiad, IX.3 (Dawes 1928, стр. 219–220).
  10. Skoulatos 1980, стр. 62.

Извори

уреди
  • Dawes, Elizabeth A., уред. (1928). The Alexiad. London, England: Routledge & Kegan Paul. Архивирано од изворникот на 2014-08-14. Посетено на 2015-08-15.
  • Skoulatos, Basile (1980). Les Personnages Byzantins de I'Alexiade: Analyse Prosopographique et Synthese (француски). Louvain-la-Neuve, Belgium: Nauwelaerts.