Општини во Франција

(Пренасочено од Комуни на Франција)

Општина (француски: commune) — најситна административна единица во Франција. Нејзин еквивалент се општините во Германија, околиите во Британија или најмалите општини во Македонија.

Карта на општините во Франција
Број на општини во Франција по департман

Општината во Франција може да биде милионски град како Париз; помал град од десет илјади жители, или пак мало селце со десет лица.

Историја

уреди

Општините во Франција се појавуваат во 1789 г, во екот на Француската револуција. Со ликвидацијата на градскиот началник, револуционерите во Париз создаваат општина од граѓански и народен карактер, заменувајќи ги дотогашните со повелба од кралот или благородник. Овој пример го проследиле и многу други градови во земјата, па така, на 14 декември 1789, Националното собрание донесува закон со кој општината добива официјален статус. Ова важело не само за градовите, туку за сите населени места, заклучно со селските околии. Револуционерите се инспирирале од идеите на Рене Декарт и филозофијата на Просветителството, раскинувајќи ги сите врски со конзервативното минато.

Општи особености

уреди

На 9 јануари 2008, во Франција имало 36.781 општини, од кои 36.569 во континентална Франција и 212 во прекуморските територии.[1][2] Вкупниот број на општини е многу повисок од секоја друга европска земја. Ова се должи на тоа што општините и денес ја отсликуваат традиционалната поделба на Франција на села и околии во времето на револуцијата.

Класификација

уреди

INSEE-кодови: INSEE им дава бројчени назнаки на сите административни единици во земјата, а особен пример за ова се општините (овие броеви не се исти со поштенските броеви). Целосниот код има 8 бројки и три празни места, но постојат „позгодни“ кодови со 5 бројки, без празни места:

  • Две бројки (департман) и три бројки (општина) за местата во 96-те департмани во континенталан Франција.
  • Три бројки (департман или заедница) и две бројки (општина) за прекуморските департмани, прекуморските заедници и прекуморските земји.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. INSEE, Влада на Франција. „Географски  — Présentation“. Посетено на 27 јуни 2008. (француски)
  2. INSEE, Влада на Франција. „Законик за прекуморските заедници (COM)“. Посетено на 27 јуни 2008. (француски)

Надворешни врски

уреди