Сметач

општонаменски уред што се програмира и е наменет за вршење на аритметички и логички операции
(Пренасочено од Компјутерите)

Сметач[1] или компјутер[2] (англиски: computer) — електронски уред што се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура.

Сметач

x79px
Сметачи и сметачки уреди од различни епохи
Општ приказ на делови на сметач
  1. Монитор
  2. Матична плоча
  3. Централен процесор
  4. ATA
  5. Работна меморија
  6. Додатни картици
  7. Напојување
  8. Оптички уреди
  9. Хард диск
  10. Тастатура
  11. Глувче
Деца користат сметачи.

Најпрво, обработката на информации со сметачите била ограничена исклучиво на аритметички проблеми, но современите сметачи се користат и за многу задачи неврзани со математика[се бара извор]. Оваа дефиниција опфаќа механички уреди како што е шибер, разни механички пресметувачи од абакус па натаму, како и сите современи електронски пресметувачи. Некогаш постоела поделба на аналогни и дигитални електронски сметачи, но со време аналогниот изумрел па денес поимот сметач се однесува исклучиво на дигитален сметач. Современите пресметувачи (сметачи) се појавиле во педесеттите години од XX век, а работеле така што податоците се припремале на издупчени картички и потоа преку посебни оптички читачи се внесувале во сметачот каде понатаму се вршела обработка на податоците. Резултатот се прикажувал на монитор или со помош на печатач се печателе на хартија. Во седумдесеттите се појавиле џебните пресметувачи, кај нас познати под името дигитрони.

Главни сметачи

уреди
 
Главен сметач во 70-те години

Скоро истовремено се воведени оддалечени (тн. „глупи“) терминали кои имале монитор и тастатура за внесување на податоци во едно куќиште, но обработката на податоците и понатаму се вршела во главниот (и единствен) сметач. Подоцна се појавиле и „интелигентни“ терминали кои дел од операциите можеле да ги извршуваат сами. Википедија, денес, е во електронска смисла организирана на сличен начин - главниот сметач е во САД, а интелигентните терминали кај корисникот[се бара извор]. Интернетот има улога на „мрежа“.

Домашни сметачи

уреди

По пронаоѓањето на интегралните кола, а помеѓу нив посебно микрообработувачите и мемориските интегрални кола кон крајот на шеесеттите години, во седумдесеттите се појавиле домашните сметачи од типот Епл (Apple), Синклер (Sinclair (ZX Spectrum, ...)), Галаксија, Комодоре (Commodore (VIC, 64, ...)) итн... Главна намена им била да служат како скромни обработувачи на текст, малку вкрстени табели и, најважно, игри, иако не треба да се заборави дека сметачот, ако говориме за професионална примена, во 80 % од случаите се користи за обработка на текст.

Лични сметачи

уреди

Во почетокот на осумдесеттите се појавиле и првите лични сметачи. По многу краток период на пазарот останале две јаки фирми ИБМ (IBM (ај-би-ем)) и Епл (Apple (Епл - јаболко)). И додека ИБМ го зафати пазарот за деловни луѓе со својот личен сметач (IBM PC), Епл својот сметач Епл Лиза (Apple Lisa) го намени за научниците и уметниците кои користат графика. Благодарение на т.н. „отворена архитектура" - јавно објавена електрична шема на сметачите и слободни жлебови на матичната плоча, им овозможило на другите фирми да развијат околу 4.000 различни печатени плочи кои со поставување во Ајбием персоналните сметачи можеле да извршуваат и многу други додатни различни функции (управување со роботи, мерни инструменти, медицински уреди, технолошки процеси во фабрики, млекари, пиварници, кланици и сл.)

Сметачите како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Со сметачот нема шега“ — расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[3]
  • „Бунтот на знаците“ — краток расказ на македонската писателка Калина Малеска.[4]
  • „Венчален софтвер“ — кус расказ на македонската писателка Галијана Марковска (Будимка Поповска).[5]
  • Борхес и компјутерот“ — книга на македонскиот писател Александар Прокопиев.[6]
  • „Компјутерски игри“ (англиски: Computer Games) — песна од истоимениот албум на американскиот фанк-музичар Џорџ Клинтон (George Clinton) од 1982 година.[7]
  • „Сметачки свет“ (англиски: Computer World) — песна од истоимениот албум на германската електронска група Крафтверк (Kraftwerk) од 1981 година.[8]
  • „Сметачки свет..2“ (англиски: Computer World..2) — песна на Крафтверк од 1981 година.[9]
  • „Сметачка љубов“ (англиски: Computer Love) — песна на Крафтверк од 1981 година.[10]
  • „Домашен сметач“ (англиски: Home Computer) — песна на Крафтверк од 1981 година.[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „сметач“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „компјутер“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 37-41.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 226.
  5. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 19-20.
  6. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 24.
  7. YouTube, George Clinton - Computer Games - 04 - Computer Games (пристапено на 29.9.2017)
  8. Kraftwerk – Computer World (пристапено на 4.11.2024)
  9. Kraftwerk – Computer World (пристапено на 4.11.2024)
  10. Kraftwerk – Computer World (пристапено на 4.11.2024)
  11. Kraftwerk – Computer World (пристапено на 4.11.2024)