Калкулатор
Калкулатор или дигитрон – мал, преносен, електронски уред наменет за извршување пресметки, од едноставни аритметички, до комплексни математички пресметки.
Првиот полуспроводнички електронски калкулатор бил конструиран во шеесеттите години на дваесеттиот век, надградувајќи ја историјата на алатки за пресметување како абакусот (создаден околу 2000 година п.н.е.) и механичкиот калкулатор (создаден во XVII век).
Џебните калкулатори станале достапни во седумдесеттите години на дваесеттиот век, особено по создавањето на првиот микрообработувач, Интел 4004, развиен од Интел за јапонската компанија за калкулатори Бусиком.
Модерните електронски калкулатори варираат од евтини, модели со големина на кредитна картичка до прави канцелариски уреди со вградени печатачи. Станале особено популарни во средината на 1970-тите кога интегрираните кола ги смалиле димензиите и цената. До крајот на деценијата, цената на калкулаторите се намалиле на ниво основен калкулатор да биде достапен за повеќето луѓе и станале вообичаени во училиштата.
Компјутерските оперативни системи почнувајќи уште од Јуникс (Unix), вклучувале интерактивни пресметковни програми, и овие функции се вклучени во скоро сите персонални дигитални асистенти и мобилни телефони.
Во 1986 година, според процените калкулаторите претставувале 41% од хардверскиот капацитет што се користел за пресметување информации. Во 2007 година, оваа бројка паднала на помалку од 0,05%[1].
Дизајн
уредиВлез
уредиМодерните електронски калкулатори од 2016 година содржат тастатура со копчиња за цифри и аритметикааритметички операции. Повеќето калкулатори имаат определено само една цифра или операција за секое копче, но кај поспецифичните калкулатори, едно копче може да извршува повеќе функции со нивна комбинација.
Излезен дисплеј
уредиКалкулаторите вообичаено користат екран со течни кристали (LCD). За подобра читливост се користат цифри со големи димензии и раздвојници на илјадарки (обратен знак од децималниот знак – раздвојна точка во земјите каде се користи децимална запирка и раздвојна запирка во земјите каде што се користи децимална точка).
Меморија
уредиКалкулаторите исто така имаат способност да чуваат броеви во компјутерска меморијакомпјутерската меморија. Основните типови од овие мемории чуваат само еден број истовремено, а поспецифични типови можат да чуваат повеќе броеви претставени како променливи.
Напојување
уредиИзвори на напојување на калкулаторите се: батерии, сончева ќелија или електричната мрежа, а се вклучува со прекинувач или копче. Некои модели немаат копче за исклучување, туку имаат начин за негово исклучување (на пример, неактивност во одреден период, покривање на сончевата ќелија...).
Распоред на тастатурата
уреди
|
|
Занимливост
уредиЗборот дигитрон е епоним според името на компанијата за калкулатори Дигитрон од Бује, Истра, Хрватска која прва го склопувала во СФРЈ и се наметнала на пазарот како бренд.
Калкулаторот како мотив во популарната култура
уреди- „Џебен калкулатор“ (англиски: Pocket Calculator) — песна на германската електронска група Крафтверк (Kraftwerk) од 1981 година.[2]
Надворешни врски
уреди„Калкулатор“ на Ризницата ? |
- 30th Anniversary of the Calculator – From Sharp's web presentation of its history; including a picture of the CS-10A desktop calculator
- "Things that Count: the rise and fall of calculators" Архивирано на 26 март 2022 г.
- The Old Calculator Web Museum – Documents the technology of desktop calculators, mainly early electronics
- Vintage Calculators Web Museum – Shows the development from mechanical calculators to pocket electronic calculators
- The Museum of HP calculators (slide rules/mech. section)
- Bell Punch Company and the development of the Anita calculator – The story of the first electronic desktop calculator
- Epocalc computers & calculators manufacturers database Архивирано на 4 март 2016 г. – List of calculator manufacturers
Наводи
уреди- ↑ "The World’s Technological Capacity to Store, Communicate, and Compute Information", Martin Hilbert and Priscila López (2011), Science, 332(6025), 60–65; see also "free access to the study"
- ↑ Kraftwerk – Computer World (пристапено на 4.11.2024)