Фотодиода
Фотодиода — полуспроводнички елемент со еден PN спој и два извода чија електрична проводност се менува со промена на светлосниот флукс кој паѓа на површината на спојот.[1] Заради оваа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор). Битна особина на фотодиодата е дека врши само (исклучително брза) детекција, а не врши улога на засилувач, за разлика од фототранзисторот. Исклучок се лавинските фотодиоди. Фотодиодата се прави од полуспроводен материјал како и обичната диода.
Фотодиода | |
---|---|
![]() Три силициумови и една германиумова диода | |
Тип | пасивен |
Принцип на работа | ја претвора светлината во електрична струја |
Распоред на контактите | анода и катода |
Ел. симбол | |
![]() |

Примена
уредиЗаради брзата реакција на светлосното ниво, фотодиодите се применуваат во оптоелектрониката каде брзината на работа е најважна. На пример употребата на оптички изолациски парови (оптокаплери), сензори на позицијата (енкодери), многу брза комуникација преку оптички кабел и други.
Материјал
уредиОд материјалот зависи осетливоста во определен дел од електромагнетниот спектар.
Материјал | Бранова должина (nm) |
---|---|
Силициум | 190—1100 |
Германиум | 400—1700 |
Индиум-галиум-арсенид | 800—2600 |
Оловен сулфид | < 1000—3500 |
Симбол
уредиСимболот на фотодиодата е прикажан на сликата.
Предности и мани
уредиПредност се ниската цена и многу брзата работа (во однос на фотоотпорникот и фототранзисторот). Мана е немањето засилување (освен кај лавинската фотодиода).
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Фотодиода“ на Ризницата ? |