Кобалт(II) карбонат
Кобалт(II) карбонат — неорганско соединение со формулата CoCO3. Оваа црвеникава парамагнетна цврста супстанца е посредник во хидрометалуршкото прочистување на кобалтот од неговите руди. Тоа е неоргански пигмент и претходник на катализаторите.[4] Кобалт(II) карбонат, исто така, се јавува како редок црвен/розов минерал сферокобалтит.[5]
Назив според МСЧПХ Кобалт(II) карбонат | |
Други називи Кобалтозен карбонат; кобалт(II) сол | |
Назнаки | |
---|---|
513-79-1 12602-23-2 (cobalt carbonate hydroxide) | |
ChemSpider | 10123 |
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 10565 |
| |
UNII | 7H73A68FUV W58TNI7T29 (кобалт карбонат хидроксид) |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | црвено-розева цврста супстанција |
Густина | 4.13 g/cm3 |
Точка на топење | |
не растворлив во дестилирана вода | |
Производ на растворливост, Ksp | 1.0·10−10[1] |
Растворливост | растворливо во киселина занемарлива растворливост во алкохоли, метил ацетат нерастворливо во етанол |
Показател на прекршување (nD) | 1.855 |
Структура | |
Кристална структура | Ромбоедар(анхидрид) Триагонална структура (хексахидрат) |
Термохемија | |
Ст. енталпија на образување ΔfH |
−722.6 kJ/mol[2] |
Стандардна моларна ентропија S |
79.9 J/mol·K[2] |
Опасност | |
GHS-ознаки: | |
Пиктограми
|
[3] |
Сигнални зборови
|
Предупредување |
Изјави за опасност
|
H302, H315, H317, H319, H335, H351[3] |
Изјави за претпазливост
|
P261, P280, P305+P351+P338[3] |
NFPA 704 | |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза)
|
640 mg/kg (орално, стаорци) |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Подготовка и структура
уредиСе подготвува со комбинирање на раствори на кобалт сулфат и натриум бикарбонат:
- CoSO4 + 2 NaHCO3 → CoCO3 + Na2SO4 + H2O + CO2
Оваа реакција се користи за таложење на кобалт од екстракт од неговите печени руди.[4]
CoCO3 завзема структура како калцит, која се состои од кобалт во октаедрална координативна геометрија.[6]
Реакции
уредиКако и повеќето преодни метални карбонати, кобалт карбонатот е нерастворлив во вода, но лесно е распаѓа во неоргански киселини:
- CoCO3 + 2 HCl + 5 H2O → [Co(H2O)6]Cl2 + CO2
Се користи за подготовка на многу комплекси за координација. Реакцијата на кобалт(II) карбонат и ацетилацетонот во присуство на водород пероксид дава трис(ацетилацетонато)кобалт(III).[7]
Загревањето на карбонатот се одвива на типичен начин за калцинирање, освен што производот делумно се оксидира:
- 6 CoCO3 + O2 → 2 Co3O4 + 6 CO2
Како резултат на Co3O4 се претвора реверзибилно во CoO на високи температури.[8]
Употреба
уредиКобалт карбонатот е претходник на кобалт карбонил и разни кобалтни соли. Тој е составен дел на додатоците во исхраната бидејќи кобалтот е суштински елемент. Тоа е претходник на сините глазури за керамика, познат во случајот со Delftware.
Поврзани соединенија
уредиПознати се најмалку два кобалт(II) карбонат-хидроксиди: Co2(CO3)(OH)2 и Co6(CO3)2(OH)8·H2O.[9]
Умерено реткиот сферокобалтит е природна форма на кобалт карбонат, со добри примероци кои доаѓаат особено од Република Конго. „Кобалтокалцит“ е кобалтиферна сорта на калцити која по навика е доста слична со сферокобалтитот.[5]
Безбедност
уредиРетко е забележана токсичност. Животните, вклучително и луѓето, бараат траги на кобалт, компонента на витаминот Б12.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Solubility product constants“. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 2012-05-17.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Cobalt(II) carbonate“.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Sigma-Aldrich Co., Cobalt(II) carbonate. Посетено на 2014-05-06.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Donaldson, John Dallas; Beyersmann, Detmar (2005), „Cobalt and Cobalt Compounds“, Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, Weinheim: Wiley-VCH, doi:10.1002/14356007.a07_281.pub2
- ↑ 5,0 5,1 „Spherocobaltite: Spherocobaltite mineral information and data“. www.mindat.org. Посетено на 7 August 2018.
- ↑ Pertlik, F. (1986). „Structures of hydrothermally synthesized cobalt(II) carbonate and nickel(II) carbonate“. Acta Crystallographica Section C. 42: 4–5. doi:10.1107/S0108270186097524.
- ↑ Bryant, Burl E.; Fernelius, W. Conard (1957). „Cobalt(III) Acetylacetonate“. Inorganic Syntheses. стр. 188–189. doi:10.1002/9780470132364.ch53. ISBN 9780470132364.
- ↑ G.A. El-Shobaky, A.S. Ahmad, A.N. Al-Noaimi and H.G. El-Shobaky Journal of Thermal Analysis and Calorimetry 1996, Volume 46, Number 6 , pp.1801-1808. online abstract
- ↑ Bhojane, Prateek; Le Bail, Armel; Shirage, Parasharam M. (2019). „A Quarter of a Century After its Synthesis and with >200 Papers Based on its Use, 'Co(CO3)0.5(OH)0.11H2O′ Proves to be Co6(CO3)2(OH)8·H2O from Synchrotron Powder Diffraction Data“. Acta Crystallographica Section C: Structural Chemistry. 75 (Pt 1): 61–64. doi:10.1107/S2053229618017734. PMID 30601132. S2CID 58657483.
Надворешни врски
уреди- Кобалт(II) карбонат на Ризницата ?