Црква „Св. Архангели“ - Кобалишта
Свети Архангели (грчки: Ταξιάρχες Κοκκινογειων) — црква во селото Кобалишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Архангели | |
---|---|
Ταξιάρχες | |
Место | Кобалишта, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | 31 октомври 1820 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Просеченско |
Епархија | Драмска |
Црквата е сместена во центарот на селото. Големината ѝ изнесува 15,30 × 6,05 м. Има женска црква и трем на западниот дел од јужната страна и петаголна апсида на исток. Има двоводен покрив со триаголни засеци на косите страни. На вградена плоча западно од јужниот влед се вели дека црквата е изградена во октомври 1820 г. Во источниот агол на дворот има камен, на кој е напишан датумот на завршување на камбанаријата — 1 март 1886 г.[2] Натписот на ктиторската плоча гласи:
„ | ПЕТРЕ ΑΝΓΕΛΑΚΙ С1ПА.Nъ
ΕΠΙ ETOYC1820 MIN ΟΚΤΟΟΒΡΙΟΥ 31 EKTHCΘI ΔΙΑ ΔΑΠΑΝΙC ΤΟY ΚΤΗΜΑTOC ΓΗΟΡΓΑΚΙ+ Ο СГГРАФЕС ΔΙΜΙΤΡΙ ХРОъ ΔИΜΟ ГРАМТИКъ...[2] |
“ |
Според Георги Стрезов, во 1891 г. црквата била потчинета на Бугарската егзархија.[3]
Во 1992 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[4]
Литература
уреди- Митринов, Георги, Емануел Мутафов (2016). „Фасаден ктиторски надпис на църквата „Св. Архангел Михаил" в с. Кобалища, Драмско“. Български език (2): 81–88. ISSN 81-88 0005-4283, 81-88.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Το χωριό“. Κοκκινόγεια Δράμας. Архивирано од изворникот на 2021-05-03. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 34.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/29345/520/2-7-1992 - ΦΕΚ 471/Β/22-7-1992“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-11. Посетено на 30 мај 2020.