Книга на пророкот Софонија
„Книгата на пророкот Софонија“ — книга од Стариот завет.
Содржина
уредиЗа време на владеењето на царот Јосија, пророкот Софонија ги пренесува божките зборови: тој го најавува приближувањето на денот на гневот божји кога Бог ќе ги уништи Јудеја и Ерусалим поради гревовите Господ ќе ги истреби не само луѓето, туку и домашните и дивите животни. Меѓутоа, истата судбина ќе ги снајде и Газа, Крит, Филистејците, Ханан, Моав, Етиопија, Асирија, Ниневија итн., а овие земји ќе им бидат доделени на остатокот од божјиот народ. Затоа, пророкот повикува на покајание и пророкува дека ќе дојде денот кога Бог ќе им суди на народите, ќе ги уништи непријателите на Израилот, а нив пак ќе ги обедини и ќе им даде вечен мир и слава.[1]
Наводи
уреди- ↑ Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1139-1141.