Клечевце (археолошко наоѓалиште)
археолошко наоѓалиште во Клечовце, Кумановско
„Клечевце“
| |
Местоположба | 42°06′56″N 21°51′11″E / 42.11556° СГШ; 21.85306° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Клечевце |
Општина | Куманово |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Клечевце или Клечовце — археолошко наоѓалиште во селото Клечевце, Кумановско. Претставува осамен наод од римско време.
На крајот од XIX век во реонот на селото била откриена мермерна ара (жртвеник или олтар) со димензии 77 × 38 × 33 см, во горниот дел оштетена и со латински натписи на предната и на двете бочни страни. Арата ја подигнал некогашниот царски роб Аполонид откако преминал на служба во пограничната станица Ламуд, со што го исполнил дадениот завет од времето кога бил контраскриптор во местото Визијан(а), што веројатно се наоѓало во атарот на ова село.[1] Во чест на ова древно место е наречена денешната фабрика за минерална вода „Визијана“, сместена на север од селото.
Поврзано
уреди- Јачински Пат — населба од римско време
- Калиште — населба од железно време
- Орловац - Рамниште — тврдина од доцноантичко време
- Црквиште — ранохристијанска базилика и римска бања
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 210. ISBN 9989-649-28-6.