Клаус Барби
Клаус Барби (германски: Klaus Barbie), познат и како Касапот од Лион (25 октомври, 1913 – 25 септември, 1991) беше Германски воен злосторник. Имаше чин на Хауфштурмфирер (еквивалентен на капетан) во Германските СС единици и во тајната полиција Гестапо за време на нацистичкиот режим. После Втората светска војна работи за британските тајни служби и за ЦИА на полето на разузнавање и контраразузнавање, а потоа во 1955 емигрира во Боливија. Таму се користи со алиасот Клаус Алтман. Во 1980, учествува во 'Кокаинскиот пуч' на Луис Гарсија Меза Техада. Уапсен е во 1983, и осуден на доживотна робија во јули 1987. Умира во затвор во 1991 година.
Живот
уредиКлаус Барби беше роден во 1913 во Бад Годесбург, во католичка фамилија, во смејство на два учители. До 1923 го посетувал училиштето каде што работел неговиот татко, а потоа учел во интернат во Трир. Во 1925, неговата комплетна фамилија се преселува во Трир, каде што во 1933 умираат и неговиот татко и неговиот брат.
Во септември 1935, Барби се приклучува кон СД (Sicherheitsdienst) - безбедносната гранка на СС. Наскоро потоа испратен е на служба во Холандија. Во 1942, испратен е во Дижон, а подоцна истата година, е прекомандуван во Лион како одговорен на Гестапо. Својот штаб го сместува во лионскиот Хотел Терминус. За време на службата како раководител на Лионското Гестапо го заработува називот касапот од Лион. Тој лично ги измачувал затворениците и важи за директно одговорен за смртта на 4000 луѓе [1]. Прочуен е случајот со апсењето и мачењето на Жан Мулен, еден од највисоките водачи на Францускиот Отпор. Во април 1944, Барби наредил депортација во Аушвиц на група од 44 еврејски деца од сиропиталиштето во Изју.
Во 1947, Барби станува агент на Контраразузнавачкиот Копус на Американската армија (CIC). Во 1951, со помош на Американската влада емигрира во Боливија, каде што живее под лажното име Клаус Алтман. Заедно со италијанскиот терорист Стефано Деле Чијае, во 1980-та зема учество во 'Кокаинскиот пуч' на Луис Грасиа Меза Техада, кога во Боливија со сила доаѓа на власт озлогласен милитаристички режим.[се бара извор].
Барби е идентификуван во Боливија уште во 1971-ва од страна на Серж и Беата Кларсфелд, но е уапсен и депортиран во Франција дури на 19 јануари 1983, по доаѓањето на поумерена струја на власт во Боливија.
Неговото судење започнува на 11 мај 1987, во Лион. На 4 јули 1987, Барби е осуден на доживотен затвор поради злосторства против човештвото. Четири години подоцна умира од рак, на старост од 77 години.
Судење
уредиВо 1984, на Клаус Барби му се суди за злосторства извршени во периодот помеѓу 1942 и 1944 година, додека бил раководител на Гестапо во Лион. Невообичаено, но поради високата историска вредност, биле издадени дозволи за снимање на судењето.
За време на процесот Барби добива поддршка не само од Наци апологети како Франсоа Жену, туку и од левичарскиот адвокат Жак Верже. Верже веќе имал репутација за напади врз Францускиот политички систем, посебно на темата за Француските колонијални територии. Неговата стратегија, како главен одбранбен адвокат на судењето на Барби, била откривањето на Францските воени злочини, направени по 1945. Навистина, многу од обвиненијата против Барби се откажани, поради законите кои ги штитат луѓето за дела починети под власта на режимот на Вишистичка Франција, како и делата за време на Алжирската кампања.
Аргументите на Верже се засновале дека нема разлика во природата на злосторствата на Нацистите и на францускиот Империјализам, и според тоа, француските судови не се надлежни да му судат на Барби. Исто така, членови на одбранбениот тим на Барби биле и адвокатите Набил Буаита од Алжир и Жан-Мартен М'Бемба од Конго. Тие додатно го зајакнале прашањето на Верже: "Дали злосторствата против човештвото предизвикуваат емоции или бараат комеморации ако се направен против Европејци?". М'Бемба изложил информации за смртта на 8,000 Африканци при изградбата на 140 километарска делница на пруга низ француска колонијална Африка, додека Буаита расправал за масакрот во Сабра и Шатила.
Сепак на крајот Барби е прогласен за виновен и е осуден на доживотна робија. Умира во затвор во Франција, само четири години по осудувањето, на возраст од 77 години.
Културни Наводи
уреди- Документарниот филм за животот на Барби за време на и по Втората светска војна Хотел Терминус: Животот и Времето на Клаус Барби[2] е добитник на Оскар за Најдобар Документарен Филм во 1989.
- Поранешниот агент на Контраразузнавачкиот Копус на Американската армија Ерхард Дабрингхаус, кој работел против Советскиот Сојуз за време на Студената Војна, го препознал Барби на телевизија, и има издадено книга за работата на Барби за Соединетите Држави во повоениот период.
- Во филмот од 2001 година "Стаорска Трка" еврејска фамилија го посетува "Музеот за Барби" мислејќи дека се работи за музеј посветен на куклата Барби, но кој всушност му е посветен на Клаус Барби.