Венети
Венеди, или Венети (лат. Venedi, Venethae, Venethi) — се едно од трите стари словенски племенски групи образувани во IV век, во словенската прататковина која се наоѓала источно и северно од Карпатите, до реките Висла и Днепар.
Венедите биле оние Словени кои го населувале западниот дел од нивната татковина, додека пак Антите биле населени на источниот, а Склавините на јужниот дел.
Некои западни летописци сретнувајќи се со Венедите - кои биле населени најблиску до Западна Европа - мислеле дека тоа е името на целиот народ, и затоа по грешка целиот словенски народ го нарекувале Венеди, наместо Словени.
Венетите се носители на Пржеворската култура во Полска. Во денешно време, заедниците што се идентификуваат како Венети живеат во Словенија, Австрија, Лужица, Соединетите Држави (како што се Тексас[1]) и Австралија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Who Are the Wends?“. January 2010.
- ↑ „History of Migration“.
Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |