Кирил Муратовски
Кирил Муратовски (роден на 14 март 1930 година во Галичник - починал на 21 јули 2005 година во Скопје) — македонски архитект.[1]
Кирил Муратовски | ||
Роден | 14 март 1930 Галичник, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 21 јули 2005 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | архитект |
ЖивотописУреди
Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје во 1957 година. Како проектант работел во проектантското претпријатие „Проектант“ и во „Македонијапроект“ во Скопје. Освен станбени објекти, проектирал и реализирал и општествени, административни и деловни згради. Се занимавал и со публицистичка дејност. Позначајни реализирани објекти: Стоковна куќа во Кавадарци (1965); Конзулат на Р Франција во Скопје (1966); Градски плоштад во Тетово (1967); комплекс на Музеи на Македонија во Скопје (со М. Томиќ); деловна зграда на ЗОИЛ „Македонија“ во Скопје (1977, со М. Сидоски).
НаводиУреди
- ↑ „Муратовски“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 998. (2009). Скопје: МАНУ.