Ким Бејсингер
Кимила Ен „Ким“ Бејсингер (англиски: Kimila Ann "Kim" Basinger, во Македонија грешно позната како Бесинџер) (родена на 8 декември, 1953 година во Атенс, Џорџија) — американска глумица и бивша моделка[1].
Ким Бејсингер | |
---|---|
Бејсингер во 1989 | |
Роден(а) | Кимила Ен Бејсингер Kimila Ann Basinger |
Сопружник | Рон Снајдер (1980 — 1989) (разведени) Алек Болдвин (1993 — 2002) (разведени) |
Рани години
уредиКимила Ен Бесинџер е американска филмска глумица со германско, ирско, шведско и чироки потекло[2][3]. Родена е 8 декември 1953 година[4] во Атина, во државата Џорџија, добитник е на голем број награди како и „Оскар“ за филмот „Доверливо од Л.А.“ за најдобра споредна женска улога. Се наоѓа на 12 место на плејбој списокот на најсекси жени на XX век. Родена е како трето дете на џез музичар и пливачка. Уште од детство сакала да стане глумица. На шеснаесет години победила на Miss Junior изведувајки ја песната од музиклот „My Fair Lady“.
На тој чекор била натерана од нејзината мајка бидејќи Бесинџер била многу срамежлива што нејзините родители мислеле дека е аутистик. На почетокот од седумдесеттите оди во Њујорк каде почнува да работи како модел во Ford Modeling Agency. Заминувањето во Њујорк бил голем чекор за девојче кое доаѓало од мал град како Џорџија. Вели дека биле ладни, дека збореле други јазици, едноставно се чувствувала затворена и исплашена.
Помеѓу снимањата и ревиите земала часови по глума, а во различни клубови настапувала под псевдонимот, Челси. После тоа се преселува во Лос Анџелес и глуми во сериите како што се: „Чарлиевите Ангели“ и „Човек од шест милиони долари“, откако претходно ги поминува првите 6 месеци преспивајќи во мотел додека не ги научила Холивудските метроа.
Нејзината прва филмска улога била во филмот „Hard Country“. Вниманието го привлекла откако се сликала за Плејбој (1983), а веднаш после тоа добива улога како девојка на Бонд во филмот „Никогаш не вели никогаш“ со Шон Конери. После тоа има глумено со Берт Рејнолдс и Роберт Редфорд и во еротскиот трилер „9 ½ недела“ со Мики Рурк. После филмот „Бетмен“ снимала се полоши филмови, а ја одбила и улогата во филмот „Ниски страсти“, кој подоцна станал вистински хит. Подоцна ја следеле кризи и во приватниот живот, како и промашена инвестиција од 20 милиона долари во купување на гратчето Браселтона. Во тоа време стапува во брак со Алек Болдвин, со кого добива една ќерка. Денот кога се родила во 1995 годин, Болдвин ќе го одбележи како настан, кога тој ќе замавне на еден од фотографите што сакале да зграпчат неколку слики од малата Ирланд која ја носеле од болница на пат за дома.
По раѓањето на нивната ќерка почнува да пати од агрофобија и се повлекува од јавниот живот до улогата во филмот “Доверливо од Л.А”. (1997) за кој добива „Оскар“[5]. Благодарејќи на таа улога станува една од најплатените глумици во Холивуд, но потоа повторно се повлекува и бракот со Болдвин и се распаѓа. Некои од членовите на нејзината фамилија ќе и предложат на Бесинџер да купи мало гратче во Џорџија во 1989 година за 20 милиони долари со надеж да основа туристичка атракција со филмско студио и филмски фестивал но ќе се најде во финансиски тешкотии со што ќе го продаде во 1993. Градот е сега во сопственост на Вејн Масон. Во 1998 година во интервју со Барбара Валтерс, Бесинџер признава дека ништо добро не излегло, поради судир кој се појавил внатре во нејзиното семејство.
Филмографија
уредиБесинџер беше мажена со шминкерот Рон Шидер - Бритон во 1980 година каде што го запозна кога го снимала филмот Цврста земја но бракот заврши со развод во 1988. Тој подоцна ќе ја напише монографијата насловена “ Подолго и од вечноста издадена во 1998 година за нивното заедничко поминато време како и за нејзината афера со глумецот Ричард Гир со кого започна во “Без Милост” (1986) и Финална анализа (1992). Потоа го сретнува нејзиниот втор маж глумецот Алек Болдвин кога заедно ќе играат романтични љубовници во Оженетиот маж (1991). Тие се земаа на 19 август 1993 и се појавија во друга претстава , Бегство.
Тие исто така играа и во 1980 епизода на Симпсонови( кој исто така го вклучува и Рон Ховард ), каде Бесинџер го корегира Хомер Симсон на изговорот на нејзиното презиме. Тие имаат ќерка , Алис “ Ади “ Болдвин ( родена 23 октомври, 1995 ) , но двојката се раздели во 2000 година. Се развеле во февруари 2002, и оттогаш Бесинџер и Болдвин се наоѓале во јавна и спорна битка за старателство над својата ќерка. Бесинџер страдала од агорофобија[2][мртва врска][6].
Други ангажмани
уредиВо 1971 година се појавува на реклама за Национална авионска компанија, а 1972 за шампоните Bright side. Подоцна во 1997 исто така за реклама за колите на Пежo, а во 2003 за диеталниот пепси. Се покажува и како добар вокал во Let’s go to bed и Scandalous Sex Suite. Останати реклами во кои се појавувала биле за “Freixenet” направен во Шпанија, позајмувала гласови за “Merrill Lynch” итн.
Награди и други признанија
уредиДобитник е на Оскар во 1998 година за најдобра споредна улога во Доверливо од Л.А.. Во 1991 номинирана е за најдобра споредна улога во Бетмен (филм од 1989), 1998 година повторно добива награда за Доверливо од Л.А. но овој пат не станува збор за Оскар туку за Златен глобус. За истата награда номинирана беше и во 1985 година за најдобро одиграна улога како спореден глумец во The natural. На Kudzu Film Festival ја добива Athena Award за нејзините достигнувања во филмската уметност. За MTV Movie Awards [3][мртва врска] беше номинирана во 1992 година за најпожелна жена во “Final Analysis” во истата категорија бше номинирана 1993 година за Cool World , а 1994 година во категоријата најдобар бакнеж беше номинирана во Wayne’s Word 2.
За најлоша глумица беше номинирана за “Razzie Award” во 1992 година за филмот Marrying Man, 1995 година за филмот Бегство, во 2001 година за Bless the Child. За Screen Actress Guild Awards 1998 година повторно за филмот Доверливо од Л.А. добива награда како најдобра споредна женска улога и тогаш за истиот филм ќе биде номинирана и за најдобра изведба заедно и со Расел Кроу, Дени ДеВито, Кевин Спејси, Гај Пирс, Џејмс Кромвел.
На “Southeastern Film Critics Association Awards” 1998 добива награда “SEFCA” повторно за најдобра споредна улога во “ L.A. Confidential”. Според тоа дефинитивно овој филм ја направил Бесинџер да стане една од најплатените глумици во Холивуд после многуте награди кои ги добила и тоа само како најдобра споредна улога.
Наводи
уреди- ↑ „Kim Basinger“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2021-02-04.
- ↑ Baltake, Joe (1983-12-22). „Kim Basinger – Information on the Academy Award Winning Actress and former fashion model“. Philadelphia Daily News. Посетено на December 10, 2007.
- ↑ Stated on Inside the Actors Studio, 1999
- ↑ Parish 2007, стр. 66.
- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ Kim Basinger
Надворешни врски
уреди„Ким Бејсингер“ на Ризницата ? |
- Ким Бејсингер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ким Бејсингер — AllMovie (англиски)