Кизлар-агина џамија (Мркоњиќ Град)

 

Кизлар-агина џамија
Основни податоци
МестоМркоњиќ Град, Република Српска, Босна и Херцеговина
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска
Поставен темел1591
Завршен1595

Кизлар-агина џамија — една од најпознатите градби од средновековна архитектура во Мркоњиќ Град. Била изградена во раздобјето од 1591 до 1595 година, а доѕидана во 1873 година според Али-пашината џамија во Сараево.

Историја

уреди

Во џамијата Кизлар-ага основал библиотека во која се чувале педесет стари книги и ракописи до нејзиното рушење. Џамијата е урната во 1992 година. Местото и остатоците од архитектонската целина на овој верски објект во мај 2005 година биле прогласени за национален споменик на Босна и Херцеговина.[1]

Наводи

уреди
  1. „Kizlaragina džamija u Mrkonjić-Gradu“. Komisija za očuvanje nacionalnih spomenika. Архивирано од изворникот на 20. 7. 2020. Посетено на 24. 9. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)