Кијану Ривс
Кијану Чарлс Ривс (англиски: Keanu Charles Reeves; роден на 2 септември 1964[1]) — канадски глумец. Тој е најдобро познат по улогата на Нео во акционата трилогија, Матрица и како Тед Логан во Одличната авантура на Бил и Тед и Лажното патување на Бил и Тед.
Кијану Ривс | |
---|---|
Ривс на премиерата на филмот Езерската куќа, 2006 | |
Роден(а) | Кијану Чарлс Ривс |
Занимање | Глумец |
Активен | 1985—сѐ уште |
Други позабележителни улоги е онаа на Скот Фавор во драмата Мојот личен Ајдахо заедно со глумецот Ривер Феникс; како Џони Мнемоник во научно-фантастичниот филм Џони Мнемоник заедно со Долф Лундгрен; како Кевин Ломакс во натприродниот трилер Адвокатот на ѓаволот наспроти Ал Пачино; и улоги во филмовите Брзина и Константин. Тој е и музичар и има свирено во гранџ-рок групата Dogstar за време на 90-те,[2][3] а од неодамна и во групата Беки. Според анкета од 2006, тој е вклучен меѓу „Десетте најомилени американски ѕвезди“. На 31 јануари 2005, Ривс доби ѕвезда на Булеварот на славните.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Keanu Reeve Biography“. Norton Cinema (Virginia, USA). Архивирано од изворникот на 28 јули 2019. Посетено на 28 јули 2019.
Keanu Charles Reeves, whose first name means 'cool breeze over the mountains' in Hawaiian, was born September 2, 1964, in Beirut, Lebanon.
- ↑ „Dogstar: Keanu Reeves' Grunge Band You Need To Listen To ASAP“. culturacolectiva.com (англиски). June 28, 2019. Архивирано од изворникот June 23, 2020. Посетено на April 18, 2020.
- ↑ Fothergill, Lucas (July 14, 2015). „I Was in a Band With Keanu Reeves“. Vice (англиски). Архивирано од изворникот на September 14, 2019. Посетено на April 19, 2020.
- ↑ „Keanu Reeves – Hollywood Walk of Fame“. walkoffame.com. Архивирано од изворникот на January 14, 2015. Посетено на January 8, 2015.
Надворешни врски
уреди„Кијану Ривс“ на Ризницата ? |
- Кијану Ривс - filmski.net (хрватски)
- Обожаватели на Кијану Ривс Архивирано на 12 јуни 2007 г. (англиски)
- Обожавателска страница на Кијану Ривс (англиски)
Оваа статија за глумец или глумица од САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |