Кевин Роуч
Кевин Роуч (англиски: Kevin Roche; 14 јуни 1922 – 1 март 2019[1]) — ирско-американски архитект, добитник на Прицкеровата награда за архитектура во 1982 година. Повеќе од 20 години соработувал со Џон Динкел, кој починал во 1981 година.
Кевин Роуч | |
---|---|
Роден(а) | Еамон Кевин Роуч 14 јуни 1922 Даблин, Ирска |
Починал(а) | март 1, 2019 Гилфорд Сентер, САД. | (возр. 96)
Националност | Ирец, Американец |
Установа | Универзитет во Даблин Илиноиски институт за технологија |
Награди | АИА Златен Медал Четврт-вековната награда Златен медал на Американската Академија за уметност и писма Прицкерова награда |
Ателје | Кевин Роуч Џон Динкело & Соработка |
Зданија | Конвентион центар Даблин, Музеј на еврејското наследство, Сантандер Централ Хиспано, 1101 Њујоршка Авенија, Форд Фондација, Метрополитен (музеј), Оклендски музеј на Калифорнија |
Во 1945 година дипломирал на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Даблин. После 1948 година ги продoлжил студиите во САД со Мис ван дер Рое на Илиноискиот институт за технологија во Чикаго, но студиите ги напуштил после првиот семестар.
Неговата потрага за хуманистичката страна на архитектурата го довела во канцеларијата на Елијел и Еро Саринен во Бломфилд Хилс во Мичиген. Неговиот иден партнер, Џон Динкел, дошол во фирмата во 1951 година, и набрзо после тоа и Роуч. Од 1954 година, па сè до смртта на Еро Саринен во 1961 година, Роуч бил негов главен соработник во проектирањето.
Наводи
уреди- ↑ „Kevin Roche, Architect Who Melded Bold With Elegant, Dies at 96“. The New York Times. 2 март 2019. Посетено на 2 март 2019.