Квант

(Пренасочено од Квантум)

Квант (од лат. quantus = „колку“) — најмала единица на еден физички ентитет во некакво заемодејство. Пример за ентитет што се квантува е преносот на енергија кај елементарните честички на материјата (наречени фермиони) и фотоните и другите бозони. Зборот квант означува количина, зад што стои фундаменталната идеја дека едно физичко својство може да се „квантува“, со т.н. „квантување“. Ова значи дека величината може да има само извесни одредени (дискретни) бројчени вредности, наспроти било која вредност, барем во рамките на еден дијапазон. Во блиско сродство со ова поимување е терминот квантен број.

На пример фотонот е еден квант на светлина, и како таков може да се нарече „светлосен квант“. Енергијата на електрон врзан за атом (во мирување) се квантува, што резултира со стабилноста на атомите, а со тоа воопшто и на материјата.

Во согласност со квантната механика, квантот физичарите го сметаат за фундаментален на спознавање и опишување на природата на ниво на инфинитезимални (бесконечно мали) величини, од причина што функционира. Квантувањето е „во природата на нештата“, а не произволна човечка определба.

Освен електромагнетното зрачење

уреди

Иако квантувањето за првпат е откриено кај електромагнетното зрачење, тоа опишува еден фундаментален аспект на енергијата кој не е ограничен само на фотони.[1]

Од неговите експерименти, физичарот Макс Планк ги заклучил бројчените вредности на h и k. Така, на 14 декември 1900 на состанок на Германското физичко друштво Планк за првпат покажал каде се излегува на виделина квантувањето (на енергијата), вредностите на Авогадро-Лошмитовиот број, бројот на вистинските молекули во еден мол, и единицата за електричен полнеж, кои се покажале поточни од дотогаш познатите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Тит Лукретиј Кар, „За природата на нештата“.
  • B. Hoffmann, The Strange Story of the Quantum, Pelican 1963.
  • J. Mehra и H. Rechenberg, The Historical Development of Quantum Theory, Том 1, Дел 1, Springer-Verlag New York Inc., New York 1982.
  • M. Planck, A Survey of Physical Theory, прев. R. Jones и D.H. Williams, Methuen & Co., Ltd., London 1925 (изданија Dover 1960 и 1993) со Нобеловското предавање.