Катла (исландски изговор: [ˈkʰahtla] ( слушнете)) — голем вулкан во јужен Исланд. Тој е многу активен. Дваесет ерупции биле документирани помеѓу 930 и 1918 година, во интервали од 13-95 години. Тој не избувнал силно 99 години, иако можеби имало мали ерупции коишто не ја скршиле покривката од мраз, вклучувајќи ги и оние во 1955 година, во 1999[2] и 2011 .

Катла
Ерупција на Катла во 1918
Највисока точка
Надм. вис.1512 м [1]
Заведена какоСписок на вулкани во Исланд
Координати63°38′N 19°03′W / 63.633° СГШ; 19.050° ЗГД / 63.633; -19.050
Географија
Катла на карта

Карта

Геологија
Видподледнички вулкан
Последен избувоктомври-ноември 1918

Претходните ерупции имале вулкански експлозивен индекс (VEI) помеѓу 4 и 6 на скала од 0 до 8. Во споредба, ерупцијата на Ејафјадлајекидл во 2010 имала VEI-4. Поголемите VEI-6 ерупции можат да се споредат со ерупцијата на Пинатубо во 1991 година.

Географија и изглед на вулканот

уреди

Катла е еден од најголемите вулкани на Исланд. Тоа се наоѓа на север од Вик и Мирдал и источно од помалиот ледник Ејафјадлајекидл. Врвот достигнува 1.512 метри и делумно е покриен со ледникот Мирдалсјекидл. Системот има површина од 595 км2. Кањонот Елдгја е дел од истиот вулкански систем[3][4].

Купата на вулканот Катла има пречник од 10 километри и вулканот е покриен со 200-700 метри мраз. Вулканот нормално еруптира на секои 40-80 години. Поплавата што надошла при ерупцијата во 1755 се проценува на 200,000–400,000 м3/s (7.1–14.1 милиони cu ft/сек) и може да се спореди со комбинирано просечно излевање на реките Амазон, Мисисипи, Нил, и Јангцекјанг (околу 266.000 м3/s (9.4 милиони cu ft/sec)).

Потекло на поимот

уреди

Името Катла потекнува од исландскиот збор ketill ("чајник") и се однесува на формата на вулканот. Катла исто така се користи и како женско име[5].

Праисториска активност

уреди

Се смета дека Катла е извор на Веде пепелта[6]. На повеќе од 6 до 7 километри кубни тефра датирано било потекло пред 10,600 години и истата е најдена на голем број локации[1][7][8], вклучително и Веде пепелта во Норвешка, Данска, Шкотска и Северноатлантските јадра.

Историска активност

уреди

Шеснаесет ерупции биле запишани за Катла од 930. Последната голема ерупција започнала на 12 октомври 1918 година и траела 24 дена.[9] Тоа веројатно била ерупција со индекс VEI-5. Ерупцијата од 1918 ерупција довела до проширување на јужниот брег од 5 км. поради лахарни талози од поплава. Сегашната хибернација е меѓу најдолгите во познатата историја[10].

 
Локации на купата и претходни ерупции

Помали (VEI-1?) ерупции се случиле во:

  • 2011 – VEI-1?
  • 1999 – VEI-1?
  • 1955 – VEI-1?

Поголеми ерупции се случиле во:

  • 934 – VEI-5 или VEI-6, 5 кубни километри тефра 18 кубни километри лава.
  • 1580 – VEI-4
  • 1660 – VEI-4
  • 1612 – VEI-4
  • 1625 – VEI-5
  • 1721 – VEI-5
  • 1755 – VEI-5; 1.5 кубни километри исфрлен материјал. Поплава 200,000–400,000 m³/s
  • 1823 – VEI-3
  • 1860 – VEI-4
  • 1918 – VEI-4 или VEI-5; околу 0.7 кубни километри исфрлен материјал

Повеќето од овие ерупции резултирале со леднички поплави. Тешка пукнатинска ерупција во 934 била една од најголемите лавини ерупции во минатите 10,000 години.[11] Пред да се изгради исландската обиколница во 1974, луѓето се плашеле да поминуваат во близина на вулканот поради честите јекулхлаупи (односно, леднички поплави). Особено опасна била ледничката поплава по ерупцијата во 1918.

Денешна активност

уреди
 
Шематски приказ на Ејафјадлајекидл и на Катла. Магмата е во црвено, риолитските карпи во жолто а ледникот е покажан со светлосина боја.

Катла покажувала знаци на активност уште од 1999 а геолозите сметале дека може да еруптира во блиска иднина.[12] Набљудувањето на вулканот посебно се засилил по ерупцијата во март 2010 на помалиот соседен вулкан, ледникот Ејафјадлајекидл.[13] Ерупцијата на овој вулкан во близина кој одамна бил во хибернација (во март и април 2010) загрижила дел од геофизичарите дека може да разбуди ерупција на поголемиот и поопасен вулкан Катла.[14][15][16] Во минатите 1,000 години, сите три познати ерупции на Ејафјадлајекидл поттикнале супсеквентни ерупции на Катла[15].

По ерупциите во 2010 на Ејафјадлајекидл, на 20 април 2010, исландскиот претседател Олафур Гримсон изјавил:

"се ближи времето Катла да избувне ... ние [Исланд] се подготвивме ...време е европските влади и авионските власти низ цела Европа и светот да почнат да планираат евентуална ерупција на Катла".[17]

Зголемена сеизмичка активност се забележала на Катла по ерупцијата на Ејафјадлајекид но немало други знаци за некаква блиска ерупција. Овие земјотреси биле сместени главно на северозападниот раб на купата. На 9 октомври 2010, нагло тресење било забележано во станицата околу Катла како знак за можна ерупција.[18] Во 2010 вулканолозите продолжиле да ја набљудуваат Катла свесни дека секоја нејзина ерупција историски се случувала неколку месеципо по ерупција на Ејафјадлајекидл. Исландската метеоролошка канцеларија на своето мрежно место ги става извештаите за потресите во Ејафјадлајекидл и Катла.[19]

 
Ледникот Мирдалсјекидл во 2005

Активност во 2011 

уреди

Во 2011, геолошката активност довела до шпекулација дека се случила некаква многу мала подледничка ерупција. Во јуни 2011, хармонични потреси уште еднаш биле детектирани во вулканот Катла. По неколку дена рој од земјотреси бил забележан во купата, покажувајќи насобирање магма внатре во вулканост со што се зголемиле страхувањата од можна ерупција во некоја блиска иднина[20].

На 8 и 9 јули 2011 друг бран потреси се случил, кој наликувал на мала ерупција на Катла.[21] Исландските медиуми известиле дека можеби почнува мала подледничка ерупција.[22] Утрото на 9 јули 2011 имало извештај за ледничката поплава во реката Мулаквисл, и подоцна во реката Скалм. Мостот преку Мулаквисл бил уништен како и други делови од патот (Пат 1) на исландската обиколница. Хеликоптерските пилоти кои го прелетувале ледникот пријавиле пукнатини.[23] Научниците кои ја набљудувале активноста шпекулирале за „многу мала“ подледничка ерупција но истото не било потврдено со визуелен и сеизмички доказ.[24]

 
Вулкан Катла, фотографија од август 2014

Активност во 2016 и 2017 

уреди

Потреси биле детектирани под Катла во август 2016.[25][26] При описот на активноста, во извештај од 29 август 2016, било наведено дека имало "сеизмички потрес во Мирдалсјекидл на 29 август со два настана во северниот дел на купата на Катла измерени со магнитуда 4.5. Тие биле најголемите земјотреси во Катла по 1977. Повеќето земјотреси се случиле помеѓу 0:40 и 1:50 попладне. Поголемите земјотреси биле околу 30 секунди разделени во 1:47. По нив следеле 50 помали удари до 15:12 попладне, кога бил забележан земјотрес со магнитуда од 3.3 а потоа циклусот на сеизмичка активност во регионот повторно се намалил. Геотермичката состојба била намалена во текот на седмицата и станала занемарлива.[27]

Во друг извештај на 11 септември било наведено дека дента пред 14:00, мал рој земјотреси започнал во Мирдалсјекидл. Најголемиот земјотрес во ројот бил со магнитуда 3.3 и 3.0 во 16:12 и15:57. Повеќе од 10 помали земјотреси биле детектирани во ројот.[28] Во февруари 2017, сеизмичката активност на вулканот продолжила.[29]

Галерија

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Вулкан Катла“. Institute of Earth Sciences. University of Iceland. Архивирано од изворникот на 2009-11-09. Посетено на 12 March 2010.
  2. „1999 Eruption, jökulhlaup. Посетено на 18 October 2014.
  3. „Katla“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 26 March 2010. (англиски)
  4. Gudmundsson, Magnús T.; Thórdís Högnadóttir (January 2007). „Volcanic systems and calderas in the Vatnajökull region, central Iceland: Constraints on crustal structure from gravity data“. Journal of Geodynamics. 43 (1): 153–169. Bibcode:2007JGeo...43..153G. doi:10.1016/j.jog.2006.09.015.
  5. „Katla – Nordic Names Wiki – Name Origin, Meaning and Statistics“. Посетено на 18 October 2014.
  6. Housley, R. A.; Lane, C. S.; Cullen, V. L.; Weber, M. -J.; Riede, F.; Gamble, C. S.; Brock, F. (2012-03-01). „Icelandic volcanic ash from the Late-glacial open-air archaeological site of Ahrenshöft LA 58 D, North Germany“. Journal of Archaeological Science. 39 (3): 708–716. doi:10.1016/j.jas.2011.11.003.
  7. Mangerud, J., Lie, S.V., Furned, H., Kristiansen, I.L., Lømo, L. (1984) A Younger Dryas Ash Bed in Western Norway, and Its Possible Correlations with Tephra in Cores from the Norwegian Sea and the North Atlantic. Quaternary Research 21 85–104
  8. Grönvold, K.; Oskarsson N.; Johnsen S.J.; Clausen H.B.; Hammer C.U.; Bond G.; Bard E. (1995). „Ash layers from Iceland in the Greenland GRIP ice core correlated with oceanic and land sediments“. Earth Planet Sci Lett. 135: 149–155. Bibcode:1995E&PSL.135..149G. doi:10.1016/0012-821X(95)00145-3.
  9. „Katla Volcano News“. Архивирано од изворникот на 2017-10-02. Посетено на 18 October 2014.
  10. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2 November 2005. Посетено на 2010-05-04.
  11. „Global Volcanism Program – Katla“. Архивирано од изворникот на 2010-04-22. Посетено на 18 October 2014.
  12. Soosalu, Heidi. „Katla seismicity“. Institute of Earth Sciences. University of Iceland. Архивирано од изворникот на 2007-11-04. Посетено на 12 March 2010.
  13. „Hard to Predict How Long Iceland Eruption Will Last“. Iceland Review. Iceland. 21 March 2010. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 21 March 2010.
  14. Volcano erupts in south Iceland BBC online news. Retrieved 21 March 2010.
  15. 15,0 15,1 Boyes, Roger (21 March 2010). „Iceland prepares for second, more devastating volcanic eruption“. Times Online. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 22 March 2010.
  16. „Icelandic Volcano May Cause Bigger Eruption“. Reuters. 22 March 2010. Посетено на 20 April 2010.
  17. „BBC Newsnight interview with President Grímsson of Iceland, 20 April 2010“. Посетено на 18 October 2014.
  18. Frímann, Jón. „Sudden rise in harmonic tremors around Katla and Eyjafjallajökull“. Iceland Volcano and Earthquake Blog. Архивирано од изворникот на 2010-10-12. Посетено на 30 December 2010.
  19. „Iceland Meteorological office – Earthquakes Mýrdalsjökull, Iceland“. Icelandic Meteorological office. Посетено на 18 October 2014.
  20. Frímann, Jón (17 June 2011). „Earthquake swarm in Katla volcano“. Iceland Volcano and Earthquake Blog. Архивирано од изворникот на 2012-05-04. Посетено на 18 October 2011.
  21. „Global Volcanism Program – Katla“. Посетено на 18 October 2014.
  22. „Hlaup hafið í Múlakvísl“. Morgunblaðið (исландски). 9 July 2011. Посетено на 18 October 2011.
  23. „Sjá sprungur í jöklinum“. Morgunblaðið (исландски). 9 July 2011. Посетено на 18 October 2011.
  24. „Katla volcano in Iceland remains dormant“. IceNews. 9 July 2011. Архивирано од изворникот на 2012-04-23. Посетено на 2017-12-12.
  25. „Icelandic Met Service Earthquake Activity Page (In English)“. vedur.is. The Icelandic Met Service. Посетено на 29 August 2016.
  26. „Largest Quakes to Hit Katla Volcano in Decades“. icelandreview.com/. Архивирано од изворникот на 2017-10-14. Посетено на 29 August 2016.
  27. http://en.vedur.is/ 11.9.2016
  28. http://en.vedur.is/
  29. http://icelandmonitor.mbl.is/news/nature_and_travel/2017/02/02/continuing_seismic_activity_in_katla_volcano/

Надворешни врски

уреди