Катерина Момева
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Катерина Момева е родена на 25.јуни 1984 во Битола, Македонија. Момева е македонски писател и драматург. Вработена е од 2014 година како драматург во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес.
Катерина Момева | |
---|---|
Роден(а) | 25.06.1984 Битола, Македонија |
Националност | Македонка |
Образование | Драматургија на Факултетот за Драмски уметности во Скопје |
Животопис
уредиКатерина Момева дипломирала драматургија на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, Македонија во 2008 година. Магистрирала на Постдипломски студии на отсекот Комуникации на Институтот за Социолошко политичко правни истражувања во 2011, Скопје, на темаː „Процесот на глобализација преку телевизијата како медиум за масовна комуникација“. Подоцна и магистрирала на постдипломските студии на отсекот Филмско и тв сценарио на Факултетот за драмски уметности во 2012, Скопје. Катерина Момева е еден од основачите на KINENOVA FILM FESTIVAL. Од 2009 работела како помлад асистент во класата на Професор Д-р Сашко Насев, за предметот Филмско и Тв сценарио, на Факултетот за Драмски уметности во Скопје. Во 2015 година била ментор на меѓународниот проект „Различни“, каде студентите на катедрата Театарска и Филмска драматургија се претставувале со свои едночинки, на малата сцена Видра, во театарот Керембух, Загреб. Овој проект бил поддржан од Советот на македонското национално малцинство на град Загреб.
Творештво
уредиАвтор е на следниве книги:
уреди- Во 2012 година книга „Драми“, од издавачката куќа Маска, Скопје ISBN 978-608-4505-07-5, COBISS.MK – ID91172106
- Во 2021 година книга „Сара и други драми“[1], од издавачката куќа Перун, Битола. ISBN 978-680 -4934 -13 -4, COBISS.MK –ID 56851461
Поставени драмиː
уреди- "Хераклеја и Ликиниј“, мјузикл, режиран од Сашо Огненовски, за Отворање на Битолско Културно Лето во Битола, Македонија. Премиерата била на 22 јуни 2007.
- „Телеграма“, драма во два чина, режирана од Никола Ристов, во Националниот Театар во Штип, Македонија. Премиера на 05 јули 2007
- „Калеш Анѓа, дефинитивно“, драма,режирана од Драгана Милошевска Попова, во Националниот Театар во Битола, Македонија. Премиерата на 15 јули 2010.
- „Волшебната шума“, драма за деца, режирана од Деан Дамјановски, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес.
- „Хумана Приказна“ – режија Бесфорд Идризи - дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит медиа и во партнерство со Народниот правобранител. Премиерата се одржала на 07 декември 2019 во МКЦ „Кино Фросина” Оваа претстава била тријазична (со титли за гледачите) и ги опфаќала македонскиот, албанскиот и турскиот јазик, притоа покривала и повеќе различни општини и региони.
- “Сара“ – драма – режија Елеонора Теова – Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес – Премиера 06.02.2020
- „Исмена“[2] – монодрама – режија Елеонора Теова – Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес – премиера 23.11.2020
- „Сатирска игра“ – мало либрето – режија Деан Дамјановски - Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес – премиера 01.08.2021
Драматизации
уреди- „Мачорот во чизми“[3] - драматизација на истоимената приказна, режирана од Деан Дамјановски, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес.
- "Волшебникот од Оз“ - драматизација на романот, режирана од Алексанадар Ивановски, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес.
Сценарио за краток филм
уреди- „Маскирани души“[4], на конкурс распишан од Македонската Радио Телевизија во 2002.
- „Соседи“, пилот епизода за комична серија, режирана од Мартин Кочовски во 2006.
- „Тишина“, краток игран филм во режија на Весна Ристовска во 2010.
- „Бардо“, краток игран филм, во режија од Марија Апчевска во 2012. Учествувал и на Берлинскиот Филмски Фестивал во 2012 година.
- „Намини бар еднаш“ краток игран филм, во режија на Косара Митиќ во 2015.
Работа на телевизија
уреди- Момева работела на четириесет епизоди од серијалот Народни прикзни, во продукција на Канал 5 телевизија.
Драматург во други претстави во различни театри
уреди- „Жив Човек“ , Горан Стефановски - во режија на Деан Дамјановски, Драмски Театар во Скопје.
- „Големите Очекувања“, Ана Ристовска - во режија на Јован Ристовски, Македонски Народен Театар во Скопје.
- „Една вечер со учените жени на Молиер“ Молиер - во режија на Деан Дамјановски, Македонски Народен Театар во Скопје.
- „Дундо Марое“, Марин Држиќ - во Режија на Драгана Милошевска Попова, Македонски Народен Театар во Скопје.
- „Зад Кулиси“, Мајкл Фрејн - во режија на Драгана Милошевска Попова,Турски Народен Театар во Скопје.
- „Леонс и Лена“, Георг Бихнер - - во режија на Драгана Милошевска Попова,Турски Народен Театар во Скопје
- „Мизантроп“, Молиер - во режија на Драгана Милошевска Попова,Турски Народен Театар во Скопје
- „Силвија“, А.Р. Гурнеј - - во режија на Драгана Милошевска Попова, Народен Театар во Куманово.
- „Синиот портокал“[5] - Џо Пенхол - во режија на Александар Ивановски, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес.
- „Надгробно жртвување“ – Ајсхил – режија Ненад Витанов, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес.
Награди и признанија
уредиКатерина Момева учествувала на голем број фестивали како во државата така и надвор од неа. Добитник е на голем број на признанија и награди.
- Краткиот филм „Бардо“ добил награда за најдобар кратко филм на Интернационалниот фестивал за кратки филмови, кој се одржал во Струмица, Македонија во 2012 година.
- Краткиот филм „Бардо“ бил награден и на Филмскиот Фестивал „Браќа Манаки“ Македонија во натпревар за кратки филмови.
- Волшебникот од Оз“ била изведена на Меѓународниот фестивал на детски претстави „Волшебната завеса“ во Трговиште-Бугарија.
Наводи
уреди- ↑ Умно.мк, од (2022-12-06). „Промоција на драми на Ева Камчевска и Катерина Момева - УМНО.МК“. Посетено на 2024-10-23.
- ↑ „Праизведба на „Исмена" од Катерина Момева во Велешкиот театар“. time.mk. Посетено на 2024-10-23.
- ↑ Трн, Редакција (2024-10-22). „Во велешкиот театар премиерно изведена детската претстава „Мачорот во чизми"“. Trn.mk (англиски). Посетено на 2024-10-23.
- ↑ „МТФ 41 - „МАСКИРАНИ ДУШИ" од Катерина МОМЕВА - Македонски театарски фестивал“. Посетено на 2024-10-23.
- ↑ „СИНИОТ ПОРТОКАЛ - Македонски театарски фестивал“. Посетено на 2024-10-23.
Надворешни врски
уредиhttps://mnt.mk/pretstavi-menu/arhiva/dundo-maroe
https://preminportal.mk/nauka-kultura/24388-katerina-momeva
https://kumanovskimuabeti.mk/teatar-kumanovo-gi-sobra-nagradite-na-denovi-na-komedija/