Кастелветрано (италијански: Castelvetrano, сицилиски: Castedduvitranu) — град и општина во покраината Трапани на островот Сицилија, Италија. Во рамките на општината се наоѓа археолошкото наоѓалиште Селинунт.

Кастелветрано
Castelvetrano
Castedduvitranu
општина
Матичната црква во Кастелветрано
Матичната црква во Кастелветрано
ЗемјаИталија
РегионСицилија Сицилија
ПокраинаТрапани (TP)
ПоделоциТришина ди Селинунте, Маринела ди Селинунте
Управа
 • ГрадоначалникФеличе Еранте (FLI)
Површина
 • Вкупна206 км2 (80 ми2)
Надм. вис.&10000000000000187000000187 м
Население (2009)
 • Вкупно30.516
 • Густина150/км2 (380/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.91022
Повик. бр.0924
Светец-заштитникСв. Јован Крстител
Слава24 јуни
Мреж. местоМатична страница

Градот е родно место на филозофот Џовани Џентиле (1875-1944) — клучен мислител на фашистичкото движење во Италија.

Местото е претежно земјоделско, со тоа што најзастапени се лозарството и маслинарството. Важна гранка е и столарството.

Знаменитости

уреди

Центарот на Кастелветрано се состои од три поврзани плоштада со бројни споменици. Главниот плоштад е Пјаца Гарибалди, каде се сместени најзначајните градби, меѓу кои и Матичната црква (Chiesa Madre), чиј денешен облик датира од XVI век. Внатрешноста на црквата е украсена со штукатура од уметниците Фераро и Џакомо Серпота.

Недалеку од црквата се наоѓа градскиот дом, а близу до него и Црквата на чистилиштето (Chiesa del Purgatorio, изгр. 1624–64) чија фасада е покриена со статуи.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Кастелветрано (англиски)

Надворешни врски

уреди