Мраз
Мразот претставува цврста агрегатна состојба на водата. Водата во нормални услови преминува од течна во цврста агрегатна состојба на температура од 0 °C. Поради специфичното просторно распоредување на молекулите вода, мразот има помала густина од водата (за приближно 8,5%) и поради тоа плови на нејзината површина. Специфичната топлина на мразот е двојно помала од онаа на водата во течна состојба. Поради тоа мразот брзо се формира на површината на водата разладена на температура од 0 °C, а за неговото топење е потребно двојно помало количество топлина. Со зголемување на соленоста на водата се намалува нејзината точка на заледување. Така морската вода замрзнува на температура од -1,91 °C. Најголема количина лед во биосферата има на поларните капи.
Но мразот не е својствен само за водата. Всушност тој вид лед се нарекува воден мраз. Имено речиси секоја гасовита супстанца при одредена температура и притисок може да премине во состојба на мраз. Во вселената е познато постоење на воден мраз, но исто така има и на пример метански мраз на Плутон или мраз од амонијак на нешто поблискиот Уран.
Мразот како тема во уметноста и во популарната култураУреди
- „Голомразица“ - песна на рускиот поет Владимир Висоцки.[1]
- „Мразевите“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.[2]
- Коцка Мраз (Ice Cube) - американски рапер и глумец.[3]
- „Заробен под мраз“ (Trapped Under Ice) - песна на американската хеви-метал група „Металика“ (Metallica) од 1984 година.[4]
- „Ледено студен мраз“ (Ice Cold Ice) - песна на американската рок-група „Хускер Ду“ (Husker Du) од 1987 година.[5]
НаводиУреди
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 117.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 259.
- ↑ Официјално мрежно место на Ајс Кјуб (пристапено на 2.3.2017)
- ↑ DISCOGS, Metallica – Ride The Lightning (пристапено на 12.9.2020)
- ↑ YouTube, Ice cold ice - Husker-Du (пристапено на 2.3.2017)
Оваа статија за од областа на хемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Мраз“ на Ризницата ? |