Карел Антон Хошек (чешки: Karel Anton Hošek), или известен како Антон Чехотчешки авантурист и македонски револуционер, тиквешки војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.

Карел Хошек
Роден 1871
Прага,  Австроунгарија
Починал 24 февруари 1907
Владиловци, Азот, Велешко  Османлиско Царство
Националност Чех

Животопис

уреди
 
Село Владиловци во областа Азот (Велешко)

Карел Антон Хошек или познат како Антон Чехот е роден 1871 година во Прага, која тогаш се наоѓала во рамките на Австроунгарија (денес Чешка).[1] Доаѓа во Македонија за да учествува во востание против Отоманското Царство. Се приклучува во редовите на ВМОРО и од есента 1905 година е четник при кривопаланечкиот војвода Петар Ангелов заедно со австриецот Рудолф Голијат, кој потекнува од Словењ Градец. Од април 1906 година е четник при тиквешкиот војвода Добри Даскалов, во чијшто рајон по касно е назначен за самостоен војвода. Во февруари 1907 година четите на Карел Хошек и Добри Даскалов пружат отпор на чети на српската пропаганда во Македонија во Велешко.

На 24 февруари 1907 година заедно со прилепски чети опкружуваат српска чета од 80 души крај селото Владиловци во областа Азот. Во таа битка против српските чети загинува Антон Чехот заедно со двајца негови четници.[2]

Белешки

уреди
  1. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, Държавен архив - Враца, ф. 617К, оп. 1, а.е. 1, л. 32, 43
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 178.