Кардинал (филм од 1963)
„Кардинал“ (англиски: The Cardinal) - американски филм од 1963 година, во режија на Ото Преминџер (Otto Preminger), по сценариото на Роберт Дозиер. Главните улоги ги толкуваат: Том Тајрон (Tom Tryon), Роми Шнајдер (Romy Schneider) и Џон Хјустон (John Huston). Филмот е снимен по истоимениот роман на Хенри Мортон Робинсон за животот на кардиналот Френсис Спелман, кој бил надбискуп на Њујорк. Во текот на снимањето, како врска меѓу Ватикан и филмската екипа служел Јозеф Рацингер, кој во 2005 година станал папата Бенедикт XVI. Во 1964 година, филмот бил номиниран за „Оскар“ и за „Златен глобус“ во по шест категории, а освоил две награди „Златен глобус“: за најдобар филм и за најдобра споредна улога (Џон Хјустон).[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот е прикажано низ повеќе исечоци во кои, за време на церемонијата на која е именуван за кардинал, еден млад католички свештеник се присетува на своето минато. Притоа, во своите сеќавања, тој допира бројни општетсвени проблеми, како: сексот надвор од бракот, абортусот, расната нетрпеливост, подемот на фашизмот итн.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |